САФИТ ЗЕЌИРИ
Оваа година е тешка за целиот свет и значително се продлабочува економската криза по руската инвазија врз Украина, поради тоа што двете земји се најголемите производители на железна руда и алуминиум. Желбата за власт не престанува кога си во опозиција и на вакви тешки времиња за нашата земја и стопанството. Или пак ова не е проблем, “кој како знае нека се снајде”.
Не е ништо ново барањето за предвремени избори, тоа е така во политиката, кога те нема меѓу народот, медумите и слично, секако најдобро е со една изјава да се бараат избори и да се блокира Собранието на Република Северна Македонија, и како пратеници воопшто да не се интересираат зошто се избрани од народот. Со блокади не се наоѓа решение ниту пак може да се дојде до распуштање на Собранието.
Пост- локалните избори и таа еуфорија треба да почека малку за предвремени, имаат не исполнети ветувања сите тие градоначалници кои седнаа на удобните фотелји. Во ниедна општина не гледаме никаков започнат проект од изборната програма. Така да 2024 година не е далеку за да се организираат редовите парламентарни изборите, и секако со добра „убедлива” изборна програма ќе може да се дојде до „победа”, а ние народот на ова држава ќе чекаме пак за ветеното да не се исполни.
Сите партии во Република Северна Македонија се залагаат и истото ќе го слушаме пак во политичките кампањи почнувајќи прво пред нивните челнови, симпатизери и гласачи да бидат поприфатливи. Партиите и по нивниот статут се дефинираат и утврдуваат политичките дејности како и организациската структура и се основани согласно Уставот на Република Северна Македонија и Законот за политички партии, за повеќе да кажат а најмалку да работат. Видливи се само кога имаат активности и се забележуваат само кога има избори, локални, парламентарни, претседателски, а што потоа, се разбира само еден “молк” кој нема да биде “далеку” до наредните избори.
Која е целта на една партија само да добие гласови или да се поддржува по нејзиниот статус. Да ги почитува сите граѓани без разлика на етничката припадност. Да бара обезбедување на економска и социјална сигурност и како заедничка цел зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Така некако е сличен статутот на секоја формирана партија во нашата држава.
Опозицијата секогаш бара нешто за да се покаже пред народот и да придобие што повеќе гласови на наредните избори и да ја добие власта, а што останува со целите од статутот, политичката програма и ветувањата. Сведоци сме последните 20 години колку е направено и колку демократски живот имаме и колку е зајакната економската и социјалната сигурност.
Кога народот ќе биде задоволен и кога ќе се постави прашањето дали сме демократска држава, дали треба уште 20 други години да поминат за да почнеме да живееме демократски како што се очекува од ветувања пред да се добие власта или да се бара 3та, 4та, 5-та опција која ја нема и нема да ја има за следните толку години.