Три недели пред почетокот на учебната година, нема распишано оглас за избор на асистенти за ученици со нетипичен развој, пишува насвојот Фб профил ДомникаМКардула.
Како родител на дете со нетипичен развој сакам да потсетам дека владата, односно МОН според законот за основно образование има законска обврска да обезбеди образовни асистенти за оваа категорија ученици. Три недели пред почетокот на учебната година нема распишано оглас за избор на асистенти.
( без разлика на тоа во кој облик ќе почне )
До лани некои општини финансирани од УНДП обезбедуваа образовни/персонални асистенти, а некои ретки општини со свои средства покриваа дополнителен број на асистенти.
И јас прашувам зошто овие ученици треба да чекаат милост од даночните обврзници на туѓи земји? Зошто еднаш за секогаш не се реши ова прашање и барем еднаш децата со нетипичен развој не добијат приоритет?
Другари, пари има само треба да се има волја пошто очигледно законската обврска не е доволна.
И ок знам кога не ве заболело не верувате дека боли, вели Кардула.
Како родител на дете со нетипичен развој сакам да потсетам дека владата, односно МОН според законот за основно…
Gepostet von Domnika M. Kardula am Mittwoch, 12. August 2020