• Latest

МОН: Се интензивира дебатата за реформата

January 18, 2021

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОН: Се интензивира дебатата за реформата

January 18, 2021 12:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници на МОН и Бирото за развој на образование неделава ги интензивираат дебатите за предложената нацрт- концепција за основно образование.

„Во текот на оваа недела секој ден се организираат средби и дебати со различни групи а целта е преку овој широк консултативен процес да се донесе образовна реформа којашто е во најдобар интерес на децата. До крајот на неделава предвидени се средби со директорите на училиштата, наставниците, МАНУ и други засегнати страни. Министерката Царовска во среда ќе присуствува на средба со директорите на училиштата, во четврток со наставници, а во петок со членови на МАНУ“, стои во соопштението на Министерството за образование и наука.

Од министерството додаваат дека јавната дебата за новата концепција започна на средината на декември и ќе продолжи да тече во наредниот период. Од досегашните дебати произлегоа  низа конструктивни и корисни предлози и коментари, а досега активно се вклучија  претставници од сите релевантни институции, универзитетски професори, над 4.000 наставници, но и учениците и родителите.

„Во дебатата од самиот почеток се вклучени раководството на СОНК, меѓународни организации и институции како УНИЦЕФ, Светска банка, УСАИД, Британска и Швајцарска амбасада и Делегацијата на ЕУ и ЗЕЛС. Сите изразија поддршка, затоа што реформите треба да резултираат со квалитетно основно образование. Одржани се и онлајн конференции со професори, наставници, претставници на ликовната, музичката и драмската дејност. Реализирани се средби и дебати со студентското собрание и професори на ПМФ“, додаваат од министерството.

МОН потсетува дека до среда, 20 јануари секој има можност по електронска пошта да доставува забелешки, коментари и предлозите за концепцијата којашто е  објавена на веб страницата на МОН. Досега се пристигнати значителен број на конструктивни предлози и коментари кои ќе бидат земени во предвид.

Новата концепција е дел од Стратегијата на МОН за 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование донесен пред една година и е дел од владината програма.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ