Околу 1 час по полноќ, мониторинг тимовите на ЦИВИЛ утврдија кршење на изборниот молк на повеќе места низ скопската населба Капиштец. На вратите во голем број станови во станбените блокови низ населбата беа закачени флаери со пропагандна содржина во изборен контекст.
Мониторингот на ЦИВИЛ поседува фотографии и сведоштва од граѓанки и граѓани кои потврдуваат дека се работи за кршење на изборниот молк, еден час по неговото стапување во сила.
Кршењето на Изборниот молк е регулирано според Член 76-Б од Изборниот законик.