• Latest

Мора да се спасиме!

November 13, 2017

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мора да се спасиме!

November 13, 2017 07:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Жан Моне е човекот кого со право го викаат „Таткото на Европа“, кој лично ги доживеал двата светски ужаси, за да констатира дека компромисот и мирот немаат цена. Автор е на историски проект – соработка наместо војни; разбирање место поделби; зближување место оддалечување; заеднички вредности место омраза; напредок место сиромаштија. И успеал во тоа. Тој мислел дека токму кога проблемите не стегаат, треба да бидеме најсилни. За разлика од нашиве кои секоја голема пропаст ја продавале како голем успех.

Пишува: Мерсел Биљали

Неговиот продукт – Европската унија, на 12 октомври 2012 за својот 60 роденден ја доби “Нобеловата награда за мир“. При врачувањето на наградата, претседателот на комитетот Торбјен Јагланд кажа: „Денес, војна меѓу вечните историски непријатели Германија и Франција е сосема назамислива“. Наместо тоа, имаме соединување, заеднички развој, разбирање и зближување меѓу нациите и државите. Полни 73 години Европското семејство живее без војна и се повеќе се оддалечува од неа.

Тео Вајгл дојде кај нас точно на денот кога пред 129 години бил роден Жан Моне. Дојде поради нас, а не поради себе. Тој не донесе со себе машина со врвна технологија со која автоматски ќе излечи болни умови на политички манипуланти, кои како вредност ги сметаат антивредностите, кои како национален интерес ја сметаат – недовербата, омразата, разорувањето и уништувањето.

Средбите за помирување во куќата на Моне се проект на Европскиот парламент. Дури и да не се случи таму, тоа е силна порака дека нешто слично некаде ќе треба да се случи. Можно е и тука внатре во државава. Дури и во самиот врв на ВМРО веќе сфаќаат дека одбивачката политика што ја практикуваше водството на таа партија, државата ја доведе на колена, луѓето до европска и светска мизерија, а нив самите до зависност од средства за смирување. Сигурен сум дека ниедно црно богатство не може да ја санира таквата нивна душевна болка. Имено, ако тоа не се случи во куќата на Моне, веројатно ќе се случи некоја овдешна куќа, ако не и самата бела куќа на ДПМНЕ. Блиски соработници веќе јавно му кажуваат на Груевски дека промените и смените се неизбежни, па дури и тоа дека идното водство ќе треба да ја ужива поддршката од меѓународната заедница.

Треба да знаеме дека тука проблемот не е во потребата за помирување меѓу случајно скарани страни. Целата технологија била сведена на неограничена власт и неограничени пари. Јасно е дека тука нема скарани страни на ниво на опции. Туку имаме една скарана страна и законот од другата страна. А со европска логика не е можно да се помират овие две структури. Од друга страна сѐ уште не е откриена таква технологија за намалување на ненормалната страст во зграпчување власт и пари. Некој иден детектор можеби ќе ги поштеди луѓето од лажговци кои со лажен патриотизам ќе сакаат да дојдат до огромни вистински пари.

Но, ај да видиме кои лидери го жртвувале својот рејтинг во полза на национални интереси на нивните држави. На Франклин Рузвелт воопшто не му бил лесно да му се спротивстави на целото американско изолационистичко расположение и да ги вовлече САД во војна против фашизмот. Но, тоа се покажа како силен државнички потег. ДеГол морал да му даде независност на Алжир, иако ризикувал живот. Дури во 1962 година една фанатична организација со име „Тајна воена организација“ (Organisation armee secrete), го дочекала во заседа со дожд истрели. ДеГол бил ранет, но спасил жива глава. Но, докажал дека е државник. Денес е историска личност. Поранешниот американски претседател Џими Картер ги помирил вечно лутите противници Садат и Бегин во услови на силно спротивставени две нации. Дури и соседот Вучиќ полека се помирува со косовската реалност. Има и безброј други случаи на пожртвуваност на личен рејтинг во име на општото добро. Сите тие станаа историски личности. Други завршија како кукавици и маргиналци. А нашиот проблем со Грција е обична детска играчка во споредба со споменатите. И Косово се согласи со ненационално знаме, грб, химна, дури и името му е на англиски со српски белег (Косово наместо Косова), па за да направи држава, на сѐ се согласи. Оти дамата која очекува да ѝ дојде принц на бел коњ, останува само со коњот. А нашата мината власт направи со Бугарите потешко да се договориме за минатото отколку за иднината.

А Груевски, за свој интерес дури ги срушил и тие тешко стекнати позиции со Грција. До 2005 година Европа и САД проблемот со името го третираа како билатерален проблем и вршеа силен притисок врз Грција. Битката нивна беше пред капитулација. Но, со нашата Антика на Грците им се врати силата. Проблемот од билатерален стана меѓународен. Минатата власт глорифицирајќи го минатото, ја закопа иднината. Сега тие може да не се согласуваат со овие факти, но и тие не се согласуваат со нив. А со бројните лопати само што ја погребаа вистината.

ЕУ е уморна од балкански проблеми. Таа и така има бројни други проблеми – Брегзит, Крим, снабдувањето со гас низ Украина, глобален тероризам, бегалци, санирање на Грција, проблеми со Унгарија. Потребно е самите да тргнеме за да бараме нивна помош. ЕУ функционира врз договор и консензус, а не како нас со инаетот на магарето пред мостот! ЕУ се градел со циклични кризи, а токму тие биле можност за докажување на нејзините политичари. А „јас сум небитен“ на Груевски, во практиката се движел во спротивна насока, додека „длабинските анализи“ стануваат се поплитки. Национализмот веќе не гарантира победа за никого. Луѓето разбрале дека можат да бидат слободни само ако се робови на законот и вистината. А актуелните политичари, треба да сфатат дека со добивањето власт, не треба да се загуби разумот.

Tags: „Жан Моне“ДеГол. Џими КартердржавникМакедонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ