Во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа (17 јуни 2022), Маја Морачанин, лидерка на ДОМ зборувашеи за потребата од предвремени избори, особено кога во државата имаме економска и енергетска криза, последица на руската агресија врз Украина, што влијае и глобално. Морачанин е децидна дека на нашата земја не ѝ се потребни избори, бидејќи не е во интерес на граѓаните.
„Она што сега е важно, особено во оваа енергетска и економска криза, па и во контекст на војната во Украина е да се обезбеди стабилност и решавање на проблемите на граѓаните. Тоа е интересот на граѓаните, а не личните и дневните политички и партиски калкулации кој колку пратеници би добил ако има предвремени избори“, истакна Морачанин.