• Latest

Морачанин: Зелената економија не може да се сведе на политика од денес за утре

June 17, 2022

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Морачанин: Зелената економија не може да се сведе на политика од денес за утре

June 17, 2022 11:30
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Зелените вредности не се однесуваат само на заштитата на животната средина, туку и на развој на демократијата, борба против корупција, владеење на право, почитување на човековите права, особено правата на жените, на маргинализираните заедници, солидарност, социјална правда… Сето тоа е подеднакво важен дел во зелените политики, исто како и заштитата на животната средина и климата“, вели претседателката на ДОМ и пратеничка во македонското Собрание, Маја Морачанин во интервју за Грин ЦИВИЛ.

Зборувајќи за институционалната подготвеност за спроведување на зелените политики во една поширока рамка, Морачанин вели дека позитивни исчекори се направени, а како добар пример може да послужи е новиот Закон за заштита и спречување од дискриминација и формирањето на професионална и независна комисија во насока на заштита и почитување на човековите права и слободи во делот и на зелените политики.

„Клучно е делата од омраза да бидат препознаени и соодветно санкционирани од институциите за да се прати една јасна порака дека дискриминацијата, говорот на омраза, делата од омраза не се толерираат во македонското општество и соодветно се санкционираат. Но, тоа сѐ уште изостанува во овој дел“, смета Морачанин, зборувајќи за формите на непочитување на човековите права и слободи.

Потенцијалот на зелените политики од економски аспект на краток, среден и долг рок, подразбираат и финансиски реперкусии што не секогаш државата може да ги поткрепи. Според Морачанин, кога станува збор за заштитата на животната средина и климата финансиските потреби да огромни и на краток рок не може да се видат позитивни бенефити за економскиот развој.

„Кога зборуваме за праведна транзиција, што е суштината на Европскиот зелен договор, транзицијата од фосилните кон обновливите извори на енергија, зборуваме на процес за транзиција. Тоа не се случува преку ноќ. Тоа бара време и сериозна стратегија како тоа ќе се спроведува. Мора да биде запазен не само еколошкиот сегмент туку и социјалниот. Екологијата и социјалната правда, ние велиме се две страни на една иста паричка и не може да ги гледаме изолирано. Она што е суштината, да бизнис секторот мора да се трансформира, а за тоа се потребни политики кои ќе го реализираат, но истовремено да се помогне и на граѓаните и на работниците за да тие можат преквалификувани, доквалификувани, кога станува збор за напуштање на овие работни места што зависат од таа загадувачка индустрија за да можат да обезбедат подостоинствени, подобро платени места, во рамки на зелената економија, кога велиме зелени работни места. Тоа е голема можност која треба да се искористи и која дефинитивно на среден рок ќе даде резултати, ќе даде бенефит не само за економскиот развој на  државата туку и на граѓаните“, објасни Морачанин.

„Да се имаше повеќе осет за она што ние како зелени го зборуваме дека нема друга перспектива освен праведната транзиција кон обновливи извори на енергија, најверојатно и сега кога има енергетска криза последиците кои ги трпиме сега, сигурно ќе беа неизбежни, но сигурно и многу помали. И тоа не само од аспект на заштита на животната средина, туку и од аспект на економскиот развој и би рекла од аспект на безбедност“, потенцираше Морачанин.

 

Маја Морачанин, претседателка на зелената партија ДОМ

ДОМ е членка на Европската зелена партија, која ги обединува сите зелени партии од Европа, на земјите –членки, но и на оние кои не се дел од европското семејство. Во таа насока, Морачанин истакна дека од нив имаме безусловна поддршка во започнувањето на преговорите со ЕУ, кои со своите активности во Европскиот парламент со другите групи интензивно лобираат тоа и да се оствари.

Со Морачанин зборувавме и за потребата од предвремени избори, особено кога во државата имаме економска и енергетска криза, последица на руската агресија врз Украина, што влијае и глобално. Морачанин е децидна дека на нашата земја не ѝ се потребни избори, бидејќи не е во интерес на граѓаните.

„Она што сега е важно, особено во оваа енергетска и економска криза, па и во контекст на војната во Украина е да се обезбеди стабилност и решавање на проблемите на граѓаните. Тоа е интересот на граѓаните, а не личните и дневните политички и партиски калкулации кој колку пратеници би добил ако има предвремени избори“, истакна Морачанин.

Морачаин зборуваше и за следните чекори на ДОМ, во контекст на носење закони што се компатибилни со зелените политики.

„Исто така, останува да ја туркаме и агендата за промена на Изборниот законик. Знаете дека ДОМ се залага за измени во Изборниот законик, изборниот модел. Она што е наш приоритет е една изборна единица, отворени листи и 50 % жени на листите за парламентарни и локални избори. Она што е во рамките на партијата, постојано се работи на зајакнување на општинските организации“, истакна Морачанин.

Биљана Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ