• Latest
Wheelchair in the old hospital

Може ли да се сруши доверба што одамна ја нема?

February 6, 2018
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Може ли да се сруши доверба што одамна ја нема?

February 6, 2018 12:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Wheelchair in the old hospital

Wheelchair in the old hospital

Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Владата на Зоран Заев го урниса здравствениот систем, а доказ за тоа се секојдневните скандали кои се случуваат и кои за жал пациентите и граѓаните ги плаќаат со сопственото здравје и живот. Од таму тврдат дека според информации кои не се потврдени во последните 10 дена на Гинеколошко акушерската клиника се случиле неколку смртни случаи на новороденчиња, случаи за кои било строго забрането да се информираат медиумите.

„Со цел да ја разрешиме оваа тензија која владее кај граѓаните и кај пациентките на ГАК, отворено го прашуваме министерот за здравство, Венко Филипче и директорката на ГАК, инаку семејна пријателка на Заеви, колку смртни случаи на новороденчиња се случиле, а за кои не била информирана јавноста? Кои се причините за тоа? Дали е пронајдена опасната бактерија МРСА во креветчињата на новороденчињата и конечно дали некој ќе сноси одговорност? Прашуваме дали воопшто нешто се презема за овие случаи?“, велат од ДПМНЕ.

Колку за потсетување во 2016 година починале 261 новороденче, односно 67 повеќе од претходната година! 35% повеќе починати бебиња од 2015! И во 2012/13/14, бројот на починати бебиња се движел од 229, преку 235, до 232, и покрај тоа, што преку превентивните програми на Министерството за здравство, се одвојуваа средства за да се заштити здравјето на бебињата и на родилките. И ние (граѓан(к)ите/новинарите/активис(к)тите) прашуваме дали конечно ќе има одговорност за смртта на околу 1000 новороденчиња за периодот од 2012-2016 година!?

Од опозициската партија додаваат дека е недозволиво во терцијарните, здравствени установи да се случуваат вакви состојби и дека граѓаните не може и не смее да бидат жртви на неодговорноста на оваа власт.

„Зарем планираат својата неспособност да водат еден ваков сериозен сектор како што е здравството да ја покриваат со обвиненија кон пациентите, родилките, семејствата, татковците кои не можат да си ги видат своите новородени деца или мајките на кои персоналот по грешка им дава погрешни деца“, истакнуваат од ВМРО.

Кое лицемерие! Зарем мислат дека граѓан(к)ите имаат слабо паметење и брзо забораваат дека екс-министерот за здравство, Никола Тодоров, ја убедуваше јавноста дека виновна за смртта на малата Тамара е нејзината мајка, бидејќи не ја носела на редовни прегледи…

„Хаосот за здравството е резултат на непрофесионалното раководење во ова министерство, за што говорат постојаните поплаки на пациентите, кои дури ризикуваат да бидат приведувани или исфрлани со обезбедување само затоа што се пожалиле на услугата“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓан(к)ите се сеќаваат и на случајот во министерувањето на Тодоров, кога револтирани пациенти решиле здравствените (не)услуги да ги решаваат со пиштол пришто пукале во доктор. Потоа следуваа протести на лекарите барајќи поголема заштита. Меѓутоа, здравствените услуги останаа иста, дури и полоши!

„Граѓаните на дело гледаат колку СДСМ не се грижи за нивното здравје. СДСМ и Заев со месеци не именуваа министер за здравство заради коалициони комбинаторики. Секој ден слушаме за недостатоци на лекови, смртни случаи од невнимание и слични семејни и лични трагедии. Тие ветуваа унапредување, а на дело се гледа урнисување и импровизација на здравствената услуга дури и во највисоките здравствени установи како што се клиниките во клиничкиот центар во Скопје. Се што ветуваа СДСМ се излажаа. Граѓаните со право почнуваат да се сомневаат во нашиот здравствен систем, да се плашат и дури за помала интервенција да одат на некоја клиника“, потенцираат од ДПМНЕ.

Додека ВМРО-ДПМНЕ беа на власт, граѓан(к)ите во слободно време на кафе одеа во некоја клиника, наместо во кафуле, бидејќи услугата беше феноменална. Условите во Клиниките беа прекрасни, особено хигиенските. Ете и ние граѓаните се чудиме и навистина ни е нејасно како оваа нова власт успеа за само неколку месеци да го сруши угледот на здравството?! (Добар виц, нели?)

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одговорност мора да има!

„Мора да ја вратиме довербата во нашето здравство со конкретни мерки, а не со празни флоскули, анализи и антиреформи од кои придонесоа оваа доверба на граѓаните кон системот да се сруши за само неколку месеци колку што СДСМ има одговорност за раководење на здравството во Република Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. (Ова е изјава, не е виц).

Инаку и ние се согласуваме со ВМРО-ДПМНЕ дека одговорност мора да има, од сите и за сите!

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕздравствоновороденчињаодговорност
Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ