• Latest

Мерката за поддршка на растот на фирмите ќе ја придвижи економијата

May 7, 2018
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мерката за поддршка на растот на фирмите ќе ја придвижи економијата

May 7, 2018 13:16
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Растот на економијата ќе се придвижи со владината мерка за поддршка за раст на фирмите во трудоинтензивните сектори, која заедно со клучната мерка за зголемување на минималната плата ќе ја забрза  македонската економија, смета министерот за финансии, Драган Тевдовски кој денеска ја посети кумановската текстилна компанија „Галатекс“.

 Министерот нагласи дека главен приоритет на Владата е подигање на животниот стандард, за што е потребно платите да растат. Тој потсети на зголемувањето на минималната плата, со чија примена, посочи, се исправила неправдата кон работниците од текстилната и кожарската индустрија.

– Со зголемувањето на минималната плата од септември, податоците од јануари и февруари 2018, покажуваат дека просечната плата во Македонија е порасната за 4,6 проценти во однос на истиот период од лани, изјави министерот Тевдовски.

Според него, ова е недоволно и потребно е да се преземат и други мерки за да се овозможи платите да растат, потенцирајќи дека со поддршка на компаниите за зголемување на платите во трудоинтензивните сектори ќе се забрза економијата. Со оваа мерка е предвидено да се опфатат околу 50.000 работници во 15.000 компании.

– Тука зборуваме за поддршка за раст на платите во трудоинтензивните сектори, за работниците во овие сектори кои ќе добијат зголемување на платите во однос на последниот квартал 2017-та година, државата ќе покрие 30 проценти од растот на бруто платата. Мерката ќе важи за работниците кои што имале плати во нето до 18.000 денари, како просек во последниот квартал на 2017 година. Во буџетот веќе се предвидени околу 360 милиони денари, за да може годинава фирмите да добиваат поддршка. Поддршката ќе се добива по исплатена плата на работниците, рече министерот Тевдовски.

Со воведувањето на оваа мерка, ќе се зголеми продуктивноста. Министерот очекува и мерки за компаниите за вложување во нова опрема и машини.

Одговарајќи на новинарски прашања кога се очекуваат севкупни вложувања, со цел, зголемување на продуктивноста, министерот за финансии рече дека очекува оваа мерка да започне да се применува  наскоро.

Тој додаде за помалку од еден месец ќе достават информација до Владата и кога ќе помине, фирмите ќе можат да ја користат и да ги зголемат платите на работниците во трудоинтензивните дејности.

Што се однесува до преговорите за избор на гувернер и дали очекува уште еден мандат за досегашниот,  одговарајќи на новинарски прашања, министерот Тевдовски смета дека е клучно фискалната и монтераната политика да бидат независни и дека станува збор прашање пред се на Собранието и на парламентарното мнозинство. (МИА)

Tags: Драган ТевдовскиекономијаКуманово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ