Германската канцеларка Ангела Меркел е добитничка на првата Меѓународна награда за родова еднаквост. Наградата ја доделува Владата на Финска, со цел да се интензивира еднаквоста меѓу мажите и жените и во чест од 100-годишнината од независноста на Финска.
– Канцеларката Меркел стана една од највлијателните личности во светот и е пример за многу жени и девојки. Еднаквоста е основна вредност за Финска, која во 1906 година стана првата земја во светот, која им даде целосни политички права на жените, изјави финскиот премиер Јуха Сиполе на маргините на Самитот на ЕУ.
Тој додаде дека Меркел е наградена поради нејзините заложби за родова еднаквост и напорите за подобрување на правата и можностите на жените, посебно во земјите во развој.
Меѓународната награда за родова еднаквост вклучува и премија од 150.000 евра. Меркел ќе одлучи на која организација што се залага за родова еднаквост ќе ја добие премијата. Добитникот ќе биде објавен 2018 година.
Во 1906 година Финска имаше статус на автономно големо кнежевство во руската империја, а во 1917 година станува независна држава.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.