• Latest

МРТ ја стави на јавна расправа Петгодишната стратегија за развој на јавниот сервис до 2025 година

October 21, 2020
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Fox News

Трамп вели дека Путин „сака да продолжи да убива луѓе“, сигнализира испраќање ракети Патриот во Украина

July 6, 2025
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МРТ ја стави на јавна расправа Петгодишната стратегија за развој на јавниот сервис до 2025 година

October 21, 2020 12:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската-радио телевизија ја објави предлог-верзијата на Петгодишната стратегија за развој на МРТ за периодот до 2025 година. Во наредните 30 дена ќе трае расправата по објавениот стратешки документ за развој на јавниот радиодифузен сервис во наредните пет години, јавува МЕТА.

Во предлог-верзијата на Петгодишната стратегија за развој на МРТ се наведуваат низа активности кои планираат да се преземат за да се обезбеди универзален, независен, квалитетен, програмски разновиден јавен сервис. Планирано е да се воспостави Едукативен центар, којшто би создавал сопствени квалитетни кадри за непречено функционирање на МРТ.

Во 2021 година, би требало да се лансираат новите програмски сервиси на Македонското радио, и тоа третиот програмски сервис како 24-часовен сервис на албански јазик, четвртиот програмски сервис како 24-часовен сервис на јазиците на етничките заедници што живеат во земјава и припојување на Канал 103 како петти програмски сервис со 24-часовна програма примамлива за младите – со урбани содржини и случувања од културниот живот.

Сепак, за да се пуштат во етер новите програмски сервиси, неопходно е да се исполнат законските решенија за финансирање на МРТ. Исто така, во Македонското радио е неопходно да се спроведе процесот на дигитализација, којшто како процес би отпочнал веднаш штом се обезбедат финансиските средства. Секторот Радио продукција е предвидено да се модернизира во три етапи.

Во однос на дописничката мрежа на МРТ, годинава била формирана дописничката мрежа која предвидува дописни центри во Струмица, Штип, Прилеп, Велес, Битола, Охрид, Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево. Во наредните пет години, предвидено е да се зајакнат човечките и техничките капацитети на дописничката мрежа, со што овие центри би прераснале во самостојни студија кои би подготвувале самостојни емисии, отворени програми и пренос на настани. До 2025 година со Петгодишната стратегија се планира отворање на дописнички центри во Вашингтон, Брисел и други светски центри.

Веб-сајтот на МРТ во наредните пет години би се унапредил со стриминг на сите програмски сервиси, можност за одложено гледање на програмски содржини, но и поврзување на дескот на трите медиуми (телевизија, радио и веб-сајт) во насока на производство на мултимедијални програмски содржини. Се планира и многу поголемо присуство и промоција на МРТ на социјалните мрежи, со која би требало јавниот сервис да се наметне како квалитетна конкуренција со содржина на лажните вести и другите негативни содржини што можат во моментов да се сретнат на Фејсбук, Твитер, Инстаграм и другите социјални мрежи.

За наредните пет години, во план е да се набави и да профункционира систем за повеќејазично титлување, со што би се овозможило интегрирање на програмските содржини што во моментов ги произведуваат сите редакции во склоп на МРТ. Исто така, јавниот сервис во наредните пет години треба да пронајде начини и алатки за таргетирање на публиката, и тоа по програмски жанрови, возраст, периоди од денот и слично.

Во предлог-верзијата на Петгодишната стратегија за развој на МРТ се наведува дека јавниот сервис до 2025 година ќе оствари 200 пензионирања на постојните вработени, но и дека ќе се вработат 250 нови лица, односно вкупниот број на вработени би се искачил на околу 800 лица.

„Старосната граница на вработените е висока и голем е бројот на лицата што веќе ги исполниле или се пред исполнување на условите за старосна пензија. Со нивното заминување во пензија, местата остануваат испразнети поради комплицираната процедура за вработување. Истовремено, поради комплицираната и тешка административна процедура за хоризонтално и за вертикално разместување на кадрите која подразбира добивање согласност од три државни институции, во моментов не постои можност за распределување на кадрите и никаква можност за унапредување, што влијае демотивирачки врз вработените во јавниот сервис“, се наведува во Петгодишната стратегија за развој.

Во делот на архивата на МРТ, во стратешкиот документ е наведено дека досега се дигитализирани околу 10 отсто од архивата на МТВ и околу 5 отсто од вкупниот архивски материјал во Фонотеката на Македонско радио, но не се дадени јасни насоки на кој начин јавниот сервис го гледа развојот на сопствената архива до 2025 година.

Една од нејасните точки во Петгодишната стратегија, која е всушност најважниот дел – Финансиската состојба и финансиските проекции, е начинот на кој ќе се финансира МРТ во периодот до 2025 година. Голема недоумица е колкави средства всушност би добивал јавниот сервис од државниот буџет, којшто е главниот извор на финансирање на МРТ во моментов. Сепак, низ целиот стратешки документ само на едно место се споменува можност за воспоставување на јавно-приватно партнерство во насока на искористување на студијата на МРТ за продукција на медиумски содржини.

Исто така, во предлог-верзијата на Петгодишната стратегија за развој е наведена потребата од обезбедување на средства од независни фондови, како што што е аплицирањето на средства за грантови од ЕУ и од други извори на финансирање, но не е јасно наведено што ќе преземе МРТ во оваа насока.

Во предлог-верзијата на Петгодишната стратегија за развој на МРТ е наведена и идејата за ново законско решение, со кое ќе се надмине изедначувањето на јавниот радиодифузен сервис со другите јавни претпријатија, односно во законот за МРТ ќе се вклучат и вработувањата, прераспоредувањата и унапредувањата на вработените.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ