Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, по средба со претставници на Коалицијата „Менуваме“, за барањето за зголемување на надоместокот поради попреченост, којшто, поради пандемијата бил пролонгиран, информираше дека е предвидено покачување на износот за најмалку 15 проценти
На средбата меѓу министерката Шахпаска и Коалицијата „Менуваме“ таа информирала дека адресирање за потребата на поголема инклузија и вработување на лицата со попреченост, во тек е проект за унапредување на пристапот на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот, при што се разгледуваат искуства од другите земји, а отворена е и јавна расправа со сите засегнати страни.
Со измените на Законот за социјална заштита се зголеми достапноста на правото за користење на личната асистенција, односно се намали возрасната граница за лични асистенти од 18 на 6 години и се обезбедени средства за 200 дополнителни асистенти, информираат од МТСП.
Како што соопштуваат од Министерството Mрежата, дневни центри за децата со попреченост се прошируваат, неодамна е отворен дневниот центар за лицата со попреченост во Липково, а во тек е и изградба на центри за деца со попреченост и во Делчево, Чашка, Боговиње и во Скопје.
Со поддршка на Светска Банка, МТСП работи и на отворање на дневни центри за деца со попреченост и во општините Карпош и Тетово. Овие два центри, на вкупно 62 деца со попреченост, преку стручните тимови, ќе обезбедуваат индивидуални и групни третмани, според претходна проценка на потребите.
Во делот на зголемување на инклузијата и независноста на лицата со попреченост, МТСП заедно со Националниот сојуз на слепи лица и УНДП, неодамна, го пуштија во употреба и аудиочитачот- апликација за лица со оштетен вид, кој овозможува олеснет пристап до информации, независност во движењето и завршувањето на секојдневните обврски.