• Latest

МТСП за случајот со малолетната штитеничка – жртва на системот

February 16, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МТСП за случајот со малолетната штитеничка – жртва на системот

February 16, 2018 16:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика одржа брифинг за медиуми во врска со случајот на Р.И., штитеничка на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје. Во насока на заштита на интересите и правата на детето, Министерството за труд и социјална политика се воздржува од споделување детали за случајот.

„Сепак, сметаме дека е потребно да се нагласи дека се невистинити информациите дека Р.И. била сексуално злоупотребувана во самата институција каде што е згрижена. Но, постојат сериозни индиции за нејзина сексуална експлоатација во периодите кога ја напуштала установата, односно дека Р.И. е жртва на трговија со луѓе. За ова е информирано и Министерството за внатрешни работи за нивно натамошно постапување.

Исто така, би сакале да ги демантираме наводите дека родителското право е одземено поради состојба на сиромаштија. Нејзините родители биле осудени на затворска казна поради злоупотреба на децата, занемарување на родителска должност и користење на деца за питачење. Од тие причини, во изминатите години Р.И. била сместувана во неколку згрижувачки семејства и во ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје. Воедно, потенцираме дека Заводот е од отворен тип и нема ингеренции со примена на сила да ги држи децата во установата. Поточно, такво однесување е забрането со закон.

Министерството за труд и социјална политика ги испитува сите околности и постапувања на надлежните установи, а во меѓувреме ја обезбедува неопходната психо-социјална поддршка за малолетната жртва“, стои во соопштението на МТСП.

Tags: МТСПреакција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ