Пред сè нашата човечка обврска е да го спречиме злото на Путин без разлика на етничката, верската, професионалната или друга припадност.
Ние од оваа дистанца се спротивставуваме на путиновото зло со нашето најсилно оружје, а тоа е пишаниот збор, говорењето на вистината, разобличување на дезинформациите.
И покрај силната руската пропаганда, сепак сведоци сме на хероизмот на народот на Украина кои буквално со голи раце се спротивставуваат на тоа зло, жртвувајќи ги своите животи, само за да си ја зачуваат татковината, домот, достоинството и честта.
Цитат од говорот на Дехран Муратов, ЦИВИЛ, на конференцијата „Украина: Година на хероизмот“