Неколку стотици муслимани синоќа одржаа молитва пред Белата куќа, изразувајќи го на тој начин својот протест поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.
На повик на локални муслимански организации, верниците се собраа на плоштадот „Лафајет“ пред Белата куќа, каде ја одржаа петочната молитва,
Дел од учесниците на протестот носеа шалови во боите на палестинското знаме, а на собирот беа истакнати и транпсраени со осуда на „еврејската колонизација на Источен Ерусалим и Западниот Брег“.
Трамп во средата донесе одлука за признавање на Ерусалим за израелски главен град и нареди да почне постапка за преместување на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во „Светиот град“, што предизвика осуди во целиот свет и гневни реакции и протести во арапските и муслиманските држави.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.