Алберт Муслиу, политички аналитичар, за сведочењето на Александар Василевски – Нинџа, обвинет во судскиот процес за обидот за државен удар на 27 април 2017 година.
„Во секој случај чувството е вознемирувачко. Но ова исто така зборува за апсолутната крајна забеганост на органите од претходниот режим. Но, во секој случај ова е информација која ми дава за право оваа работа да ја истерам до крај и да барам персонална сатисфакција во врска со сето тоа“, изјави Муслиу.
Според сведочењето на Нинџа кој бил дел од структурите на ДБК за време на владеењето на Груевски, оваа безбедносна агенција инсталирала камери во домот на Муслиу, спротивно на законските прописи.