„Тетово е познат по тоа дека има соживот помеѓу сите етнички заедници, меѓутоа сметам дека мултикултурализмот не е на задоволително ниво и треба уште многу да се работи во однос на искоренување на дискриминацијата и сегрегацијата врз Ромите“, вели параправничката Мерита Мустафи од НВО Асоцијација за демократски развој на Ромите „Сонце“ – Тетово.
„Дискриминацијата е присутна насекаде, како на национално така и на локално ниво и најчесто се соочуваат оние социјално ранливи категории на граѓани“, вели таа.
Мустафи потенцира дека дискриминацијата е најзастапена помеѓу средношколците и би требало во средните училишта да има повеќе формално и неформално учење за мултикултурализмот и почитување на различностите.
Дехран Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети