Пријавата за бомба во Македонскиот народен театар била лажна, информираат од МВР.
-МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата, информираат од МВР.
Предходно, поради дојава за поставена бомба, беа евакуитани неколку објекти во центарот на градот, меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје.