• Latest

МВР разгледува нови аспекти од истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

December 13, 2023
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

МВР разгледува нови аспекти од истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

December 13, 2023 12:14
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи разгледува, анализира и обезбедува докази и информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски за кој осомничени се пет лица, меѓу кои првоосомничен е Љупчо Палевски – Палчо, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски во гостување денеска во емисијата „Слободен печат“ на Слободна ТВ, рече дека МВР максимално посветено ќе постапува за се што Јавното Обвинителство ќе побара од нив. Тој додаде дека во истрагата за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, МВР следело стандардни оперативни процедури.

-Истрагите во двата случаи се почнати и водени според сите стандардни оперативни процедури од моментот на пријавата, па се до целосно расчистување. Морам да кажам дека полицијата ефикасно, многу брзо и посветено работеше на целиот овој случај. Сметам дека сите активности што се преземени се за почит. Сите што беа вклучени во истрагата од самиот почеток па до ден денеска, ја водат истата без штедење со цел да се разоткрие случајот и да се дознае вистината, рече Спасовски.

Министерот Спасовски воедно предупреди да не се злоупотребува случајот со убиството на Вања за политички цели.

-Ова е случај кој апсолутно ја интегрира јавноста, сериозна трагедија, но исто така случај кој во ниту еден момент не треба да биде злоупотребен, за политички цели. Сметам дека се што се прави апсолутно не придонесува кон целосно расветлување на случајот. Има многу лажни вести кои се шират, теории на заговор, дезинформации, изјави Спасовски.

Тој уште еднаш повтори дека е лага дека сета полиција била ангажирана за Министерскиот самит на ОБСЕ и подвлече дека крим полицијата и одделот за насилен криминал биле максимално ангажирани во потрагата по Вања.

-Тоа го кажав и сега уште еднаш укажувам, таквите шпекулации се тенденциозни бидејќи ангажманот на полицијата не престанува со организација на еден настан, ангажманот на полицијата за ОБСЕ беше под директно водство на одделот што се занимава со таа активност, а тоа е одделот за заштита на определени личности и објекти, да со помош на одделот за организиран криминал, воздухопловни единици, сообраќајната полиција, но сите други сегменти си функционираа нормално. Така што во другиот случај, одделот за насилен криминал, крим полицијата беа максимално ангажирани во потрагата по Вања, изјави Спасовски кој воедно се заблагодари на медиумските работници што објективно ја информирале јавноста.

Со организацијата на Самитот на ОБСЕ, спорд него, државата и Министерството покажале сериозен капацитет за организација, реализација и преземени безбедносни мерки на ваков сериозен настан.

-Во однос на самата организација на самитот на ОБСЕ сакам да кажам дека тоа е најголем настан што се организирал во последните 30 години и тоа е чест за Република Северна Македонија, чест за граѓаните и институциите. Ние покажавме еден сериозен капацитет на организацијата на овој настан. Оценката не треба да ја дадеме ние, туку сите граѓани и сите оние кои учествуваа на Самитот. Самиот факт дека имавме над 70 официјални делегации, над 1000 учесници на самитот, бараше сериозна посветеност во обезбедувањето на самитот, зачувувањето на безбедноста на јавниот ред и мир во државата и Скопје и да се обезбеди нормално функционирање на државата, потенцираше министерот Спасовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ