Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу 14.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
„Околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека ваква закана стигнала и на електронските адреси на уште две училишта. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите осум училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.
ЦИВИЛ Медиа разговараше со директорот на средното училиште „Никола Карев“, кој изјави дека полицијата била веднаш известени и учениците евакуирани.
Нови закани за бомби во „Никола Карев“, учениците евакуирани