„Министерството за внатрешни работи на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита празникот Илинден и ги повикуваме достоинствено да го прославиме овој ден, како што доликува на чествување на така значаен датум од нашата историја“, велат од МВР по повод очекувањата Илинден да помине тензично, со оглед на говорот на омраза и закани по социјалните мрежи.
„Министерството ги презема сите неопходни мерки и активности за организираните прослави да поминат во најдобар ред и ригорозно ќе реагира на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните. Исто така, Секторот за компјутерски криминал деновиве поднесе или во тек е постапка за поднесување на кривични пријави против десетина лица за содржини објавени на социјалните мрежи со кои се шири омраза и се загрозува сиогурноста на граѓаните, а се поврзано со празнувањето на Илинден“, вели за ЦИВИЛ Медиа, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Претходно МВР соопшти дека е поднесена уште една кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал на социјалните мрежи.
А. Зеќири