Полицијата има сознанија кој го уби Алајдин Сулејмани (30) од Арачиново на 25 април 2025 година, во близина на Полициската станица – Бит Пазар.
„Лицето кое пукаше во скопски Бит Пазар е познато на полицијата и се преземаат мерки за негово лишување од слобода“, вели за ЦИВИЛ Медиа, портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.
Сулејмани беше тешко ранет во инцидентот со пукање што се случи околу 14 часот, кога според МВР, две групи од по пет до шест луѓе пукале едни кон други позади полициската станица Бит-пазар.
Според неофицијални информации, загинатиот жител на Арачиново е син на Назим Сулејмани-Аруша, поранешен командант на УЧК, кој почина во 2018 година.
Д.М.