• Latest

„На 27 април е извршен атентат врз потребите на Албанците во Македонија!“

May 22, 2017
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„На 27 април е извршен атентат врз потребите на Албанците во Македонија!“

May 22, 2017 14:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако се бараат гаранции за унитарноста на Македонија, тогаш ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во своите пратеници!“, рече Зијадин Села, лидерот на Движењето за реформи – ДПА, на денешната прес конференција во Тетово. Тој порача дека „на 27 април се изврши атентат врз потребите на Албанците, не лично врз мене, туку, врз политичките барања на Албанците. На 27 април донекаде, со тој атентат успеаја да нѐ убиваат, но ние пак, се реинкарниравме и се вративме на политичката сцена во Македонија“, рече денеска Села.

Ова беше прво обраќање во јавноста на Села, по крвавиот четврток, на 27 април, кога во Собранието, демонстрантите од иницијативата За заедничка Македонија“, му нанесоа тешки телесни повреди, а повредија и неколкумина други пратеници.

„Не сакам да се занимавам со правниот, туку со политичкиот аспект на целиот настан. Бев нападнат политички, а не затоа што имам некои проблеми со напаѓачите, дури не ги ни познавам… И ние ќе продолжиме пак, за да ги преточиме потребите на Албанците во Република Македонија во политички барања, ќе продолжиме заедно со сите други политички субјекти по овој наш пат и ќе се вратиме уште посилни на политичката сцена“, рече Села.

Тој не одговори на новинарско прашање дали ќе биде идниот министер за здравство, но порача дека  за ДР – ДПА, „повеќе се важни тематските прашања, отколку тоа, кој ќе биде или нема да биде министер“.

„Ние уште на почетокот бевме за ново владеење, коешто ќе биде во интерес на граѓаните, праведно кон граѓаните, ново владеење што нема да ги дели граѓаните врз етничка и политичка база и ќе ја врати надежта дека во Република Македонија може поинаку, може подобро!“, поентираше Села.

Беше дециден во ставот дека ДР–ДПА, не само што не дала гаранции за унитарноста на Македонија, туку и нема такви намери.

„Нормално дека во политичката влада, ние ќе бидеме гаранција дека интересите на Албанците во таа влада ќе бидат гарантирани. Ние никаква гаранција не сме потпишале и никако нема да потпишуваме гаранции коишто ги барал некојси претседател. Нема да дозволиме никој да ни забрани да размислуваме и да даваме предлози. Ништо не е спорно, тоа што се зборува со месеци, дека мора да се чува унитарниот карактер на државата, тоа не се прави на протести и по улици, туку тоа се прави во Собранието. Ако некој собира двотретинско мнозинство, тоа ќе го направи и во Собранието. И зошто гаранции да се бараат од некого, ако се знае дека ВМРО-ДПМНЕ има 51 пратеници. Ако ВМРО-ДПМНЕ не е сигурна во нивните пратеници, тоа е друга работа“, прокоментира Села.

М. Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕДР ДПАЗијадин Селаполитички атентатпрес конференцијаРепублика Македонијаунитареност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ