Граѓанин со македонско потекло, кој речиси пет децении живее во Шведска, пред камерата на ЦИВИЛ Медиа, вели дека зедничкото одбележување на Илинден со Бугарија е добро за Македонија, за да може таа да напредува.
„Еден германски писател и научник рече дека на Балканот шофершајбната ни е одзади, а не напред“, изјави нашиот соговорник.
Тој смета дека треба конечно да се оди напред, а истовремено, да се контролираат „модерните гангстери“, кои се според него, најопасни, затоа што „ги интересира само капиталот, а не народот и Македонија“.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов