Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги коментираше претседателските избори во САД, додека уште не беа познати резултатите според кои Џо Бајден стана 46 претседател на САД.
„Бастион на демократијата … Погледнете што се случува со овие избори. Ова е срамота, потсмев на демократијата“, изјави белорускиот лидер пред медиумите по посетата на белоруската нуклеарна централа во Островец, пренесува белгиската агенција Белта њуз.