• Latest
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

На Денот на знамето на Кримските Татари: Слобода и правда за Вилен Темерјанов

June 26, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

На Денот на знамето на Кримските Татари: Слобода и правда за Вилен Темерјанов

На Денот на знамето на Кримските Татари – симбол на достоинство и отпор – ја обновувам јавната поддршка за новинарот Вилен Темерјанов, неправедно затворен од руските окупатори поради неговата храброст да ја зборува вистината. Додека знамето се вее, гласовите на замолчените мора да бидат слушнати. Слобода за Вилен!

June 26, 2025 15:01
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

На овој Ден на знамето на Кримските Татари, не само што оддаваме почит на национален симбол — туку упатуваме повик за правда.

Вилен Темерјанов, новинар и граѓански активист од кримскотатарско потекло, и понатаму е во затвор под контрола на руските окупациски власти. Неговиот „престап“? Тоа што ја зборува вистината за животот под окупација.

На овој ден, кога Кек бајрак (Kök Bayraq), светлосиното знаме со златна тамга, се вее пред Министерството за надворешни работи на Украина, и во срцата на милиони луѓе ширум Украина и светот, ве повикувам уште еднаш да го кренеме и гласот за оние што се замолчени поради нивната храброст. Вилен е еден од нив. И не смееме да молчиме.

„Злосторство“ – новинарство во окупираниот Крим

Роден во селото Вилне, во округот Џанкој на Крим, Вилен реши да се посвети на документирaње на секојдневната репресија врз неговиот народ по незаконската анексија на Крим во 2014 година.

Работеше како дописник за Grani.ru, независен медиум забранет во Русија и на окупираните територии, и беше активен член на Кримска солидарност, граѓанска иницијатива за поддршка на жртвите на политичко прогонство.

Во окупираните делови на Украина, новинарството се третира како велепредавство. Кој известува за неправдата – ризикува сѐ. Вилен го знаеше тоа. И сепак не престана.

Претрес, апсење, молк

Гонењето на Вилен започна многу пред неговото конечно апсење. Во ноември 2021 година, беше приведен само затоа што известувал за мирното дочекување на адвокатот Едем Семедлиаиев, кој претходно бил незаконски приведен. Таквиот чин на солидарност, за режимот, претставуваше „опасност“.

На 11 август 2022 година, руските сили извршија претрес во домот на Вилен. Следниот ден беше уапсен, а подоцна лажно обвинет за „учество во терористичка организација“. Неговиот вистински „престап“ беше тоа што известувал за полициски рации, судски процеси и за отпорот на Кримските Татари.

Психијатриска тортура: Ужасен метод за мачење од времето на Советскиот Сојуз

По апсењето, Вилен беше притворен во истражен затвор во Симферопол, каде што беше подложен на принуден психијатриски „третман“ – ужасна тактика од времето на Советскиот Сојуз.

Овој метод, кој е забранет според меѓународното право, служи за дискредитација и психолошко кршење на противниците на режимот. Противниците се етикетираат како „ментално болни“, институционализирани и подложени на тортура: седативи, изолација, психолошко малтретирање, па дури и електрошокови.

Подоцна, Вилен беше префрлен во Ростов-на-Дон, длабоко на руска територија, каде што, според последните познати информации, и денес се наоѓа во притвор. Непознати се околностите во целост, но последно што се дозна е дека требало да му се суди во Јужниот окружен воен суд заедно со уште петмина Кримски Татари. На колегата Вилен му се заканува казна до 20 години затвор.

Фактот дека режимот инсистира на судски процес, само покажува дека казнената психијатриска тортура не го скршила.

Знаме, глас, народ кој одбива да исчезне

На Денот на знамето на Кримските Татари, националното знаме на коренскиот народ на Крим се вее пред Министерството за надворешни работи на Украина.

Ова знаме — кое во минатото се вееше во егзил — денес е симбол на враќање, достоинство и отпор.

Вилен Темерјанов е дел од тој отпор. Тој не е заборавен. Тој не е сам. Тој е уште еден симбол на стремежот за слобода.

Режимот на окупаторот се обиде да го замолчи. Но гласовите како неговиот не исчезнуваат. Тие повторно се креваат – преку секој акт на солидарност, секој раскажан збор, секој слободољубив човек што одбива да молчи.

Ова не е само битка на Вилен – ова е наша битка

Приказната на Вилен не е изолирана. Низ окупираниот Крим и другите територии под руска контрола, новинари, адвокати, наставници и обични граѓани се гонети само затоа што се осмелиле да зборуваат.

Ги повикувам новинарите, активистите, политичарите и слободољубивите луѓе ширум светот:

Застанете! Споделете ја приказната на Вилен. Побарајте негова слобода. Побарајте вистина наместо терор.

На овој Ден на знамето на Кримските Татари, да запомниме:

Не можеме да ги почитуваме симболите ако ги игнорираме луѓето што стојат зад нив. Не можеме да славиме слобода, ако ја забораваме борбата на оние што ја изгубиле поради храброста да ја бранат.

Новинарството не е злосторство. Барам слобода за Вилен Темерјанов! Барам слобода за сите политички затвореници!

Крим е Украина!

#FreeVilenTemeryanov


ГЛАС НА СЛОБОДАТА: Барам од руските окупациски власти веднаш да го ослободат новинарот Вилен Темерјанов

Без вистина, нема слобода: Слободата не се генерира – таа се брани

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ