Откако отпушти милиони федерални работници, и на најгруб начин ја прекина средбата помеѓу Трамп и Зеленски во Овалната соба, , Џеј Ди Венс си зема „заслужен“ одмор и отиде на скијање, а жителите на Вермонт го пречекаа со протести.
Венс се обиде да скија во Вермонт, но го пречекаа стотици демонстранти и непожелно одморалиште, принудувајќи го наместо тоа да побегне на непозната локација.
Кармата во акција, одморот на Џеј-Ди Венс во Вермонт беше нарушен од стотици проукраински демонстранти, јавуваат медиумите. Тоа е истиот Венс кој вчера ја прекина средбата со Зеленски
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: Венс скија како фашист; Не можеш да уживаш во твојот одмор кога ние не можеме да уживаме во нашата демократија; Збогум слободен свету, предавникот Трамп ја сака Русија; Венс е предавник, оди да скијаш во Русија…
Венс избега на непозната локација откако доби „срдечно“ добредојде на неговиот ски-одмор во Вермонт од вистински патриоти кои ја сакаат својата земја.
Драган Мишев