• Latest

На европскиот идентитет му е потребен Западен Балкан

May 26, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

На европскиот идентитет му е потребен Западен Балкан

May 26, 2018 10:48
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на Европа носи со себе многу предизвици, а покрај прашањето на безбедноста во јавната дебата во ЕУ се наметнува и идентитетското прашање, односно прашањето за европскиот идентитет. Иселеници-идентитет

Ив Бертончини, претседател на Европското движење на Франција на дебата за време на своето гостување во Македонија изјави дека прашањето на европскиот идентитет е прашање кое се провлекува од зачетоците на Европската унија. Македонија, пак, која според него, се поврзува и често се асоцира со македонската салата која претставува мешавина од хармонија, а тоа е она што ја симболизира денешна Македонија.

– Во 1900 година  24 проценти од вкупното светско население беше европско, во 1960 година 12 проценти, а денес уште за половина помалку, односно шест проценти. Во наш интерес е да се обединиме односно земјите од Западен Балкан да ги приклучиме во европското  семејство затоа што така ќе добиеме 18 милиони повеќе жители, а губиме со излегувањето на Британците 64 милиони жители. Но за да може да ги обединиме овие земји, сепак, треба да ви е познато  и стравувањето кое постои кај Европејците во однос на европскиот индентитет, појаснува Бертончини.

ив бертончини

Тој појаснува дека ова идентитетско стравување треба да се разбере дека  постои и во Франција затоа што Франција била главен актер во светски рамки, но и позната по своите колонии. Тоа стравување постои и кај Австријците затоа што биле затворени во царство, а постои и кај Обединетото кралство затоа што бара да излезат од ЕУ, се затвораат во себе и остануваат изолирани.

– Сега тој идентитет треба повторно да го редефинираме во однос на арапско муслиманскиот свет кој е овде. Тоа претпоставува мошне отворена дискусија со тој свет. Потребно е да зборуваме за тие идентитетски прашања затоа што Французите се Европејци,  Австријците се Европејци и Македонците се исто толку Европејци. Можеби успехот ќе лежи во основањето на една голема Македонија односно обединети во различноста. Токму тоа е Европа, малку поголема Македонија, а со тоа се потврдува и местото на Македонија во ЕУ кога станува збор за идентитетските прашања, заклучува Бертончини.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи смета дека Македонија може да се пофали со традиција на верски и етнички соживот, кој е во согласност со вредностите на европскиот дух, што е уште еден аргумент за евроинтергацијата на земјата.

бујар османи

– Ако на Балканот на некој начин доминира словенската и албанската култура како две различно доминантни групи во регионот, тие групи доминираат и во Република Македонија. Ако верски доминира православието и исламот, во Република Македонија, исто така, тоа е рефлектирано. Меѓутоа, во Македонија тие кохабитираат и тие функционираат на најдобро, најевропско, можно ниво. Тој пример на такво почитување на различностите и на таква функционална демократија во која различностите се предност, станува пример и модел за целиот регион. Тоа е всушност европскиот дух во Македонија, оценува Османи.

млади луѓе.jpg

Но, тоа не е само затоа што ние сме Европејците, туку затоа што, посочува, меѓународната заедница има максимално инвестирано оваа држава да биде функционална демократија во која различностите се предност.

– Кога имате еден таков успешен продукт на една силна меѓународна инвестиција која може да биде модел за другите држави во регионот, кој се смета за тежок регион и во еден тежок геополитички контекст, тогаш мора да се даде шанса на тој модел, бидејќи недавањето шанса значи лоша порака кон другите држави, кон другите генерации. Овој модел треба да се промовира и да му се даде шанса  да продолжи успешно во процесот не гледајќи низ прсти, туку апсолутно објективно врз основа на индивидуален мерит систем на проценка, рече Османи.

ДЕН НА ЕВРОПА

Виолета Геров

Tags: Европаидентитет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ