На Филозофскиот факултет на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, одржаа предавање украински научници од Националниот Универзитет Тарас од Кијив, Володимир Серхичук Шевченко и Олесија Стасиук, доктори на историски науки, кои се занимаваат со темата на Холодоморот од 1932-1933 година во Украина.
Настанот го отвори деканот на Филозофскиот факултет на УКИМ, истакнувајќи дека споменатата тема е со големо значајње и дека бара се повеќе дискусија и покривање.
Амбасадорката на Украина Лариса Дир му се заблагодари на деканот Ратко Дуев, што даде можност, како што рече, „да се собереме во просториите на Универзитетот за да ви претставиме повеќе информации за Украина, за злосторствата кои ги извршува државата-агресор Руската Федерација во Украина.
„Пред два дена, на 6 јуни, Руската Федерација ја разнесе хидроцентралата Каховка, што е катастрофа од големи размери. Десетици населени места беа поплавени, илјадници и илјадници луѓе останаа без покрив над главата, а екосистемот беше уништен.
Се зголемува обемот на злосторства извршени во Руската Федерација. Извршувањето геноцид и екоцид е суштината на режимот на Кремљ.
Русија води големи кампањи за дезинформација за да ги скрие злосторствата, се потпира на страв и атмосфера на рамнодушност.
За Украина сега е важно да ѝ се помогне со оружје и противвоздушна одбрана и да добие поддршка од земјите кои ги признаваат дејствијата на Руската Федерација, извршени на територијата на Украина, како геноцид. Исто така, важно е да се признае Холодомор во Украина како геноцид врз украинскиот народ“, истакна меѓу другото амбасадорката Дир.