ЗОРАН ИВАНОВ
На ТВ вести, ден пред Илинден, ги слушам научниците и академиците историчари од нивна конференција во Крушево и, што да се каже во една реченица, освен да се констатира дека е сосема јасно од каде, од кои тоа сѐ центри и индивидуи, под велот на македонството, се излева антиевропска ксенофобија и „стручно“ и „авторитетно“ се сее идентитетски дефетизам за, нели, „загрозениот“ македонизам и, притоа, до степен на гангрена државата Македонија се инфицира со граѓанско анти ЕУ расположение кое неминовно води кон тотална бесперспективност на нашето општество, за што, по правило, отрезнувањето доаѓа доцна па, на крајот, крчмарот сметката пак ќе му ја врачи на народот, во случајов, попрецизно, на – македонскиот!