Поранешната претседателка на Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ Љубица Јанчев, на својот Фејсбук профил објави дека утрово, на осветлен паркинг во Аеродром, кој се наоаѓа спроти полициската станица со пурпен пена е оштетен нивниот семеен автомобилот .
„Вака ли мои сограѓани во Европа, со заплашување? Почнавте со чкртање…утрово ова?Ваквиот чин е одраз на немоќ, градоначалнику Тимчо Муцунски, безбедноста на граѓаните од другата опција е загрозена“, напиша Јанчева во нејзината објава.
Како што може да се заклучи од објавата, ова не е првпат автомобилот на Јанчева да биде мета на вандализам.
Љубица Јанчева, поранешната претседателка на Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ, е актуелна советничка и во сегашниот Совет во Град Скопје.