Преминот Рафах повторно ќе биде отворен денеска и на 50 пациенти ќе им биде дозволено да ја напуштат Газа на лекување во странство, пренесе Ал Џазира.
На секој повреден поединец ќе му се придружат тројца членови на семејството.
Она што го знаеме е дека групата која денес заминува се главно болни од рак и оние со хронични заболувања, велат од Ал Џазира.
Меѓу болните, има и деца кои имаат потреба од итна медицинска интервенција.
Д. Т.