• Latest

На приближно два милионa жители во земјата – 66 евидентирани политички партии, една во процес на регистрација и две потенцијални до локалните избори

August 12, 2025

Новинарите кои го следеа увидот во гимазијата во Демир Хисар беа легитимирани од полициските службеници, иако носеле новинарски легитимации

August 12, 2025

Луксузни јахти и лигњи на Заев и Филипче – рецепт на власта за дефокус од скапотијата и празната кошничка

August 12, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Независни кандидати наместо партиски

August 12, 2025
Изет Меџити, Христијан Мицкоски
Фотомонтажа / А. М.

Мицкоски – Меџити: Етничка поларизација на ниво на премиер и вицепремиер

August 12, 2025
Фото: Македонијо во срце те носиме/ Фејсбук

По трагите на една естрадна иницијатива: Кој пее зло не мисли – си тера кампања

August 12, 2025

Локални избори 2025: Клучни рокови и обврски за институциите и медиумите

August 12, 2025

И сè ова е само почеток

August 12, 2025
Илустрација: ВИ

Што е што во изборен контекст: Злоупотреба на функции и јавни ресурси

August 12, 2025

Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

August 12, 2025

Објавен е оглас за субевнционирање инвертор клима уреди за социјално ранливи граѓани

August 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

На приближно два милионa жители во земјата – 66 евидентирани политички партии, една во процес на регистрација и две потенцијални до локалните избори

August 12, 2025 11:54
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

окалните избори се веќе распишани за 19 октомври (2 ноември втор круг), а најголем број од кандидатите се очекува да бидат познати до крајот на месецов. Поголемите политички партии веќе ги објавија имињата на нивните кандидати како за Градот Скопје така и за други градови и општини. Засега останува енигма колку политички партии и групи граѓани (независни) ќе имаат свои кандидати за градоначалници и за советници на осмите по ред локални избори во земјата.

Во Единствениот регистар за политички партии кој се води во Основниот граѓански суд Скопје до 7 август годинава беа евидентирани вкупно 66 политички партии, а една е во процес на регистрација. Постапки за регистрација на политички партии можат да се водат во судовите во Тетово, Штип и Битола. Според информациите на МИА во судовите во Тетово и во Штип во моментов нема постапка за регистрација на нови партии.

Зелен хуман град и Зелените од Гази Баба, Шанса за Центар и Независните за Карпош, кои имаа свои претставници во советите, овој пат решија да формираат партии откако не беа донесени измени на Изборниот законик во однос на собирањето потписи за независните кандидати односно група избирачи, како што се посочува во законот.

Од Независните за Карпош за МИА велат дека и покрај упатството на Државната изборна комисија кое го соопшти претседателот Борис Кондарко, тие ќе ја продолжат постапката за собирање потписи за регистрација на партија во Граѓанскиот суд во Скопје. Ние не знаеме, велат, дали можеби во меѓувреме во Собранието нема да се донесат измени на Изборниот законик или, пак, нешто друго. Партија формираат и Зелен хуман град, кои исто така продолжуваат да собираат потписи пред нотар.

ДИК во саботата на седница го усвои Роковникот за изборни дејствија за локалните избори и усвои заклучок со којшто вон сила се става Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик.

Како што рече претседателот на ДИК, Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент  на потписи за предлагање листи на група избирачи.

– Во сила е член 60 кој го регулира правото на учество на избори, согласно законот и Уставот секој има и активно и пасивно избирачко право да избира и да биде избран. ДИК нема право да ускратува никому и не ускратува законско право за учество на избори. Овде не се работи за одлука на ДИК туку за примена на законот. Така што, сите – политички партии, коалиции, група избирачи согласно член 60 имаат право на учество на изборите, рече  Кондарко.

Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18 од измените во Изборниот законик донесени на 7 март 2024, со кои партиите од власта и опозицијата здружено го зголемија прагот за потребни потписи на 1 отсто од гласачкото тело во изборна единица за учество на независните листи на изборите. Бидејќи Собранието не донесе измени на Изборниот законик во однос на бројката на потребни потписи се создаде правна празнина, и од тие причини дел од оние кои на минатите избори влегоа во советите на неколку скопски општини решија да формираат политички партии.

Според претседателот на Владата Христијан Мицкоски ставањето вон сила на Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик не го нарушува изборниот процес за локалните избори, а ДИК има законска обврска да донесе ново. Какво ќе биде тоа, изјави вчера Мицкоски, зависи од самата Комисија.

– Сега во овој случај одлуката е кај ДИК. Таа има механизам и членовите може да го донесат во својот правилник. Ќе си донесат нов правилник, рече Мицкоски.

Прашан дали тоа би значело оти независните кандидати повторно ќе треба да собираат потписи за учество на изборите, премиерот истакна дека тоа прашање како би изгледал новиот правилник треба да се постави на ДИК.

Тие, бидејќи го ставија стариот вон сила, согласно законските надлежности носат нов, така што ништо не е доведено под знак прашање, истакна премиерот Мицкоски.

Шеесет и шест политички партии (до 7 август) евидентирани во Единствениот регистар за политички партии

Дали и како навистина во Македонија функционираат 66 политички партии (со интенција да станат 69 до изборите)? Од судот ја добивме следната листа со евидентирани политички партии:

Нова Алтернатива НА, Социјалдемократски сојуз на Македонија, Демократска партија на Турците на Македонија, ВМРО – ДПМНЕ (ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство, Социјалистичка партија на Македонија, Странка на демократска акција на Македонија, Македонска алијанса, Либерално-Демократска партија – ЛДП, Сојуз на Ромите од Македонија, Работничко земјоделска партија на Република Македонија – РЗП, Демократски сојуз ДС, Партија за движење на Турците во Македонија ПДТ, Демократска партија на Србите во Македонија ДПСМ, Партија на Власите од Македонија, Српска напредна странка во Македонија CHCM, Единствена Македонија EM, Демократски сојуз на Власите од Македонија – ДСВМ, Демократска унија за интеграција – ДУИ, Трајно Македонско Радикално Обединување – ТМРО, Демократски Сили на Ромите – ДСР, ВМРО-Народна партија ВМРО-НП, Нова социјалдемократска партија -НСДП, Демократска обнова на Македонија – ДОМ, Демократска партија на Албанците – ДПА, Социјалдемократска Унија-СДУ, Партија на обединети Демократи на Македонија- ПОДЕМ, Обединети за Македонија -ОМ, Нова либерална партија – НЛП, Движење за национално единство на Турците – ДНЕТ, Достоинство, Демократска партија на Ромите ДПР, ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ – ПП, Десница, Работничка Партија РП, Граѓанска опција за Македонија -ГРОМ, Обединета Партија за еднаквост на Ромите -ОПЕР, Српска Странка во Македонија ССМ, Партија за општествен и економски напредок -ПОЕН, РОМИ ОБЕДИНЕТИ ОД МАКЕДОНИЈА РОМ, Движење БЕСА „БЕСА”, Алианса на Албанците „A/A”, Левица, Македонска Акција МААК, ГЛАС за Македонија ГЛАС, Бошњачки Демократски Сојуз – БДС, ДЕМОКРАТИ – ДЕМ, ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА- ИНТЕГРА, Партија за демократски просперитет на Ромите ПДПР, АЛТЕРНАТИВА, ПАРТИЈА ЗА ЦЕЛОСНА ЕМАНЦИПАЦИЈА НА РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПЦЕР од ЕСМ, ЦЕНТРАЛНА ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЦДУ, Твоја партија – Твоја, Родина Македонија РОДИНА, МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА/МАКЕДОНСКИ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ-СУВЕРЕНИСТИ ЕΡΑ ΤΡΕΤΑ, ДВИЖЕЊЕ ЗА ДЕМОКРАТИЈА, ПРАВА, СЛОБОДА – ДПС, ОПРЕ РΟΜΑ, Политичка партија Македонски Концепт-М Концепт, ЕВРОПСКО ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ ЕГД, Политичка партија ДЕСНА ДЕСНА, Европска Демократска Партија – Partia Demokratike Evropiane- ЕДП – PDE, ДЕМОКРАТСКО ДВИЖЕЊЕ ДД, Движење ПОПУЛИ ДП, Унија на Ромите УР, Движење ЗНАМ ЗА НАША МАКЕДОНИЈА- Движење ЗНАМ, БОШЊАЧКА НАРОДНА ПАРТИЈА – БНП и ABAJA ABAJA.

Со постоечкиот Закон се предвидува политичка партија да можат да основаат најмалку 1.000 граѓани на земјава, кои имаат избирачко право и кои го дале својот потпис за основање само една политичка партија.

Член на политичка партија може да биде секој полнолетен и деловно способен граѓанин, кој ќе даде потпис за доброволно членство во политичката партија. Политичката партија е должна пред истекот на секои четири години од денот на регистрацијата да достави до основниот суд поединечно дадени потписи заверени пред нотар со број на потписи потребни за основање на политичката партија. Доколку не се случи тоа, Судот ја известува партијата и доколку во законски утврден рок не се пререгистрира, Основниот суд по службена должност ќе донесе решение за бришење на политичката партија од судскиот регистар и по правосилноста на решението за тоа ќе го извести Основниот суд Скопје II – Скопје заради бришење на политичката партија и од Единствениот судски регистар на политички партии.

Политичката партија престанува да постои со бришење од Судскиот регистар кога политичката партија ќе поднесе барање за тоа, врз основа на правосилно решение за бришење на политичката партија од Судскиот регистар, донесено од страна на Судот, кога на политичката партија и е забрането дејствување со правосилно решение, кога органот утврден со статутот на политичката партија ќе донесе одлука за спојување со друга политичка партија, кога е намален бројот на членовите на политичката партија односно кога ќе има помалку од илјада членови, како и кога Уставниот суд ќе утврди дека програмата или статутот на политичката партија не се во согласност со Уставот.

На парламентарните избори минатата година беа поднесени 17 кандидатски листи, од кои 16 на политички партии и коалиции и една од група избирачи. Севкупно, на изборите учествувала 61 партија. Од нив, 11 настапиле самостојно, а 50 во пет коалиции. На локалните избори, пак, во октомври 2021 година за 80 општини и Градот Скопје беа потврдени 303 листи за градоначалници и 567 за советници, од кои голем дел биле листи поднесени од група граѓани.

Локалните избори 2021 година беа карактеристични по фактот дека за првпат во земјава се применија терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето, а гласањето се спроведуваше со мерки за заштита од Ковид 19.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ