• Latest

На универзитетите не се пријавува корупција поради недоверба и неинформираност

June 6, 2018

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На универзитетите не се пријавува корупција поради недоверба и неинформираност

June 6, 2018 15:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите две години од важењето на Законот за заштита на укажувачите за корупција во високото образование, во Македонија нема ниту една пријава. Ова го истакнаа учесниците на денешната обука на тема „Зголемување на капацитетите на универзитетите за примена на Законот за заштита на укажувачите како алатка за превенција на корупцијата во високото образование во Македонија”, што се одржа во Ректоратот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Обуката е дел од проектот „Ќе има ли ’укажувачи’ на универзитетите?“, а ја организираа Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје во соработка со Правниот факултет на УЈИЕ.

Според Александра Дејаноска-Трендафилова, проф. од Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, главна причина за тоа што не се користат можностите што овој закон им ги дава на укажувачите за нивна заштита при пријавување случаи на корупција во високото образование во Македонија е нивна недоволна  иформираност.

– Засегнатите лица не се доволно информирани како се користат можностите од законот односно дека пријавувањето на случаите е анонимно и доверливо, и тоа не само на корупцијата, туку и на другите незаконски дејствија спротивни на работата и дисциплината како и неетичкото постапување. Согласно законот, студентите имаат можност ваков случај да пријават внатрешно односно кај овластеното лице во самата иституција кое потоа решава за пријавата дали ќе ја проследи до деканот или управата и до други институции како јавното обвинителство, омбудсманот, полицијата и до други надворешни институции, рече Дејаноска-Трендафилова.

тетово корупција

Во случај кога како сторител се посочува некој од повисоките управни органи на универзитетот, рече таа, постои можност за заштитено надворешно пријавување до државните институции и како трета можност е јавно заштитено пријавување преку медиумите.

Професорката посочи дека во декември минатата година бил потпишан меморандум за соработка на сите државни и пет приватни универзитети од Македонија со тогашната министерка за образование и наука Рената Дескоска за интезивирање на активностите и за поголемо запознавање на сите заинтересирани околу можностите на овој закон за укажувачите на корупција во високообразовните институции.

Според професорката Беса Арифи од УЈИЕ, за потешкото пријавување  корупција на универзитетите освен неинформираноста свое место има и недовербата на засегнатите лица и студенти дека еден ваков случај може да се доведе  до крај.

-Тука е и сама улога на универзитеите да ги информира и студентите и вработените за можностите што ги дава овој закон околу процедурите со кои се гарантира заштитата на анонимноста, не само внатрешно и во институциите, туку и понатаму за тоа лице што ќе пријави случај на корупција да не му бидат загрозени правата во неговото натамошно образование, изјави Арифи.

Активностите на ИСИЕ за проектот „Ќе има ли ’укажувачи’ на универзитетите? Можностите на законот за заштита на укажувачите и спречувањето на корупцијата во високото образование во Македонија“ се поддржани од Амбасадата на САД во Македонија.

Tags: корупција поради недовербане се пријавуванеинформираностуниверзитетите
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ