• Latest
фото Влада на Северна Македонија

На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

January 14, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СТАВОВИ

На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

На српскиот претседател преку глава му е од тоа што студентите и опозицијата го споменува „пржинскиот модел“ кој за него значи чесни избори а поврзаните садови со нашиот премиер профункционираа веднаш – сега и на Мицковски одеднаш му пречат избори кои барем делумно ќе го контролираат изборниот процес

January 14, 2026 15:38
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
фото Влада на Северна Македонија

фото Влада на Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Во текст објавен на порталот на Глобус на Божиќ, беше објавивена реакција по повод некои делови од изјавите на Мицковски пред Соборниот храм, што инаку беа од негова страна искористени како класичен утрински брифинг што си го прави секој ден, без оглед на местото и поводот.

Во текстот под наслов „Што треба да му доенсе паричето на Мицкоски?“, стоеше и предвидувањето дека „… пред наредните парламентарни избори, што треба да се случат годинава, бидејќи така е тоа и со унгарскиот и српскиот случај, а тој во тој триаголник не смее да се издвојува, треба да ја обезбеди за себе најважната за него придобивка во овој час: да го укине пржинскиот модел во предизборието, односно техничката влада“.

Се напоменува дека карактеристичната двојност во толкување на се во државата, и по ова прашање кога Мицковски е во опозиција, на тој модел инсистираше како слепиот за стапот, а сега одеднаш истиот му станува камен во чевелот. Додадовме дека и Вучиќ, кому под носот му го ставаат овој модел како гарант за чесни избори (македонски модел се споменува постојано по медиумите) секако му сугерира на некои чекори на својот јужен сосед – бидејќи не сака да му тријат нос со таа претпоставка – да создаде услови за да рече „еве и Македонците го укинаа“ тој модел!

Нашите ситуации, пред се оние во дворот на Палатата на ДПМНЕ се такви што секако постои од една страна за таквите избори – брзање за да се создадат услови за најголемиот корупциски колач во иднината (британскиот кредит од 6 милијарди гунти) да мине лесно а тоа значи да се добие нов четиригодишен мандат кој мирно ќе си го „крцка“. Главна пречка за тоа се секако условите под кои тоа „колаче“ може да го добие а тоа е да  донесе мигранти кои на Островот веќе ги одбиле да ги примат и да им издадат и да им дадат влезни визи. Ова наидува на масовно незадоволство кај граѓаните што ниту монополот на неговите медиуми каде тоа прашање или не се третира или се „фризира“ за да се минимизира отпорот кон владејачката коалиција и начинот на кој таа владее.

Добро е што опозицијата реагираше веќе следниот ден. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција потенцираше дека техничката влада мора да остане поради целосната узурпација на институциите од страна на власта.

„Техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпираше сè. Ги стави канџите во правосудството, презема целосна контрола врз обвинителството, носи измени на кривичниот законик спротивно од препораките на Европската Унија, тоа го прави за заштита на криминалот на власта“, посочи Филипче.

Тој потенцираше дека со ваквите чекори се загрозуваат демократијата и професионализмот во институциите.

„Власта донесе Резолуција за укинување на слободата на говор на опозицијата, со тоа ја загуши дополнителна демократијата и донесе Закон за полиција за целосна партизација и за бркање на професионалците“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека поради ваквата состојба нема услови за разговори за техничката влада.

„Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат сè и да се спасат себеси нема седнување на маса за техничката влада, има само одговорност“, рече Филипче.

Во тој контекст лидерот на СДСМ ја образложи и одлуката дека не прифаќа лидерска средба.

– Нема средба за техничката влада. Тоа е последната линија за одбрана од целосна злоупотреба на слободната волја на граѓаните за изборниот процес. Јасно кажавме дека станува збор за (ситуација) – прво извори а потоа мигранти за пари. Нека ВМРО и ЗНАМ сами ги распишат изборите, ние нема да бидеме покритие за тоа сценарио и легитимирање на овој маневар чија цел е избегнување на одговорноста. Причината за ваквото брзање е паника. Ја разоткривме позадината и со која тендер-коалцијата ДПМНЕ-ЗНАМ владее. Ја откривме вистината за мигрантите, Алта банка, правосудниот систем – изјави тој.

Филипче потенцираше дека техничката влада може да се укине само кога ќе бидеме зрело општество а тоа сега не е случај.

– Не смее да се укине техничката влада која е единствена можност за фер и демократски избори. Не ја сакаат бидејки кога ќе влезе министер од опозицијата лесно се откриваат претходни криминали и злоупотреби – кажа лидерот на СДСМ. „Техничката влада може да се укине само тогаш кога ние би биле зрело општество, а ние тоа сега во овој момент не сме, затоа што оваа власт канџите агресивно ги стави на сите институции и ги злоупотребува во свои политички цели. Тие не ја сакаат техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција ќе има увид во сите злоупотреби и во целиот коруптивен систем којшто е сега поставен“, рече Филипче.

„Со оглед на тоа дека ние и нашиот антикорупциски тим веќе почнавме со објавување на аферите, а има уште огромен број на работи коишто допрва ќе ги презентираме во јавноста може само да претпоставите што се сè крие во институциите. И затоа не сакаат техничка влада, затоа што тоа за оваа власт ќе значи отворање на пандорината куќа. Мицкоски, прво во интервју на Алфа рече дека нема намера да иницира укинување на техничка влада без широк консензус, а завчера рече дека можеле и сами, но сакале процесот да биде инклузивен. И ова е уште една потврда за тоа што го говориме“, изјави Филипче.

Тој посочи дека власта ги има ставено канџите во правосудството, обвинителството е ставено под целосна контрола, врз Судскиот совет се врши притисок и се носат измени на кривичниот закон којшто одговараат само на власта. Ова, како што нагласи, не се прави случајно, туку со јасна цел, да се заштитат криминалот и корупцијата.

Филипче, на последната прес-конференција посочи дека предупредувањата што  СДСМ ги изнесуваше во изминатиот период за поврзаноста меѓу ВМРО-ДПМНЕ и српската власт, се потврдуваат, за што доказ се синхронизираните политички потези на ВМРО-ДПМНЕ со СНС и  Вучиќ.

„Сето она што СДСМ го говори во изминатиот еден месец, сега се случува пред очите на граѓаните. Се потврди и поврзаноста и со СНС и со Србија, исто така и тоа што го зборувавме. Како е можно во рок од само еден час по изјавата на Вучиќ во Србија, Мицкоски да ги споменува изборите? Што е тоа коинциденција или тоа што го зборуваме изминатите повеќе од месец дена“, рече Филипче. Тој додаде дека СДСМ нема да седне на маса со криминалци кои ја узурпираат државата. „Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат се и да се спасат себеси, нема седнување на маса за техничката влада, има само одговорност“, рече Филипче.

На прес конференцијата, Филипче нагласи дека  последните активности на Соединетите Американски Држави со носењето на Законот за Западен Балкан, најавите за црни листи, за санкции на политичари од целиот регион, јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во паника и дека вистината излегува на виделина.

Во текстот објавен во „Слободен печат“ („Ќе падне ли пржинскиот модел?“)во воведот може да се прочита во воведот интересно поставена дилема –  „по речиси 11 години од воведувањето на пржинскиот модел, повторно се отвора дилемата дали Македонија има доволно институционална зрелост за избори без техничка влада. Иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски ја отвора суштинската дебата – дали преодната влада е гаранција за фер избори или веќе стана политички товар што го кочи системот. Прашањето што останува е дали партиите се подготвени за консензус или повторно ќе се скријат зад механизмите создадени во време на криза“.

Во тој контекст се цитира премиерот Мицкоски кој вели дека „раководството на СДСМ и во минатото велеше дека прифаќа бришење на техничката влада, па да видиме дали сѐ уште стои на тој став. Јас не би сакал да влегувам во такви измени, иако таму нема дополнителни услови, нема „Бадентер“. Но, не би сакал да влегувам во таков еден процес без да имаме консензус, затоа што мислам дека е тоа политички некултурно. Мислам дека таков тип измени во политичкиот систем треба да се носат со консензус. Ако велиме дека техничката влада е некаков имплант, ако велиме дека техничката влада можеби има проблеми и со уставноста, го кочи системот, не му дава доволно простор за маневар, ајде да ги направиме и тие измени. Но, мислам дека како Влада треба да покажеме и една широчина што е потребна во овој период, особено кога зборуваме за некои суштински реформи, реформи на политичкиот систем, но и реформи што се дел од т.н. Реформска агенда во процесот на пристапување кон ЕУ. Дел од нив се содржани во Стратегијата 2024-2030, а за дел од нив е потребен консензус – порача Мицкоски.

Секако ќе биде интересно дали премиерот навистина ќе додржи на определбата таа промена да мине со консензус. Пред се знаејќи ја конзистенцијата за вака крупни прашања кај него.

Текстот се повикува и на мислење на двајца политичари и еден комуниколог по ова прашање.

Како прв е земен Јове Кекеновски кој најнапред за „Слободен печат“ тврди дека ваквиот обид на премиерот да се укине техничката влада не е инспириран од идејата да се распишат предвремени парламентарни избори, „како што веќе почна да шпекулираат дел од медиумите“. Тој оценува дека „техничката влада уште одамна требаше да биде укината затоа што се покажа како нефункционална. Не добивме некој сериозен прогрес како што го замислуваа предлагачите и техничката влада се претвори во една алатка што само ги искомплицира и така комплицираните состојби. Да бидеме реални, еден технички премиер не може да покаже резултати за само 100 дена владеење. Всушност, техничката влада беше формирана за надминување на проблемите во 2015 година, но оттогаш поминаа цели 11 години и времето практично ги прегази ваквите предлог-решенија. Сметам дека укинувањето на техничката влада требаше да се случи многу порано, но ова дефинитивно е последниот воз за да се изведе такво нешто“ – изјави Кекеновски. Тој инаку смета дека премиерот во таква техничка резултати не може да даде резултати за само 100 дена(!). Па добро, човек се прашува, зошто е тоа техничка влада/ Од неа не се очекува никаков резултат освен овозможување на фер избори! Или нив ги немало во минатото?

Втор соговорник во тој текст е поранешниот собраниски спикер Тито Петковски, кој пак смета дека е потребно укинување на техничката влада, но како што вели, неопходно е воведување експертска влада.

„Потребна ни е експертска влада составена од сите парламентарни политички партии и распишување нови парламентарни избори. Приоритет на сите партии треба да биде членството во ЕУ, стабилизацијата на внатрешните односи, борбата против корупција и криминал, заздравувањето на економијата…“. И додава дека за жал, тоа го немаме во изминативе години додека е ВМРО-ДПМНЕ на власт – објаснува Петковски за „Слободен печат“.

Комуникологот Живко Андревски, пак, во разговор за „Слободен печат“ вели дека повикот на премиерот Мицкоски за укинување на техничката влада, всушност претставува повик за распишување предвремени парламентарни избори.

„Едноставно, не му се пушта власта ниту за момент, односно ниту за тие предвидени 100 дена техничка влада пред избори кога е предвидено назначување технички премиер. И во минатото имаше размислувања да се укине пржинското решение, меѓутоа сега мислам дека се случува поради конкретен политички интерес“ – истакна Андревски.

Комуникологот потсетува дека техничката односно преодната влада беше воведена како дел од политичкиот договор по длабоката политичка криза во 2015 година. Нејзината цел беше да обезбеди дополнителни гаранции за фер и кредибилни избори во услови на силна недоверба меѓу власта и опозицијата.

Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Глобус/Љ.К.

Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ