Неколку набљудувачи на ЦИВИЛ од Кочани зборуваат за општата оценка на изборниот процес на Локалните избори 2021, текот на изборниот ден, како и согледувањата во постизборниот период.
Според нив, изборите поминаа релативно мирно без некои поголеми нерегуларности. Најголем проблем беа фингерпринт апаратите со кои ќе се идентификуваа гласачите.
По завршување на изборите, почнаа партиските чистки, односно на раководните позиции се поставуваат лица кои се членови на сегашната локална власт.
Тие очекуваат од новиот градоначалник Љупчо Папазов да ги исполни дадените ветувања за време на изборната кампања.
разговорот го водеше: Диана Тахири
камера и монтажа: Дехран Муратов
фотографија: Горан Наумовски