Во Лозово, село Дорфурлија, на ИМ 1708 сместено во основното училиште, се регистрирани агитација, организирано носење на гласачи, закани до гласачи. Од покарактеристичните појави на нарушување на изборниот процес на ова изборна локација, набљудувачите регистрираа како градоначалник на општина, а во својство и на партиски набљудувач, излегува надвор од избирачкото место и агитира меѓу присутните граѓаните кои дошле да гласаат.
Во основното училиште „Кирил Печиновиќ“ во Тетово, во непосредна близина на избирачките места 2010,2011,2012,2013 и 2014, има залепени значителен број пропагандни плакати од политичка партија.
Во Ранковце, на избирачко место беој 0987 е забележано нарушување на тајност на гласањето, од страна на гласач е фотографирано е гласачко ливче.
Во општина Аеродром, на изборно место 0725 во оу „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, имињата на гласачите се изговараат на глас. Истото е забележано и во
Битола, во ОУ „Таки Даскалот“ во ИМ 0046.
Во Куманово, на изборното место 1069 лоцирано во училиштна амбуланта, безбедносните камери не се покриени и не е јасно дали се вклучени во и дали снимаат зашто дел од нив се насочени зад гласачките паравани.
И во, ЦОУ „Круме Кепески“, ИМ 2761 во Кисела Вода, од страна на членовите на ИО, имињата на избирачите се читаат на глас.
Во општина Аеродром, во училиштето „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, на ИМ број 0728, на гласач му се дозволено гласање без маска без притоа да биде опоменат од на страна на членовитеизбирачкиот одбор.
Гласачи без заштитни ковид маски се примани и во избирачките простории во Битола во изборните места 0058,0046,0054,0048. И таму на гласачите им е дозволено гласање без заштитни маски.
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ ‘0058, се примаат гласачи без заштитни маски
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0046 членови на ИО не носат маски;
И на изборното место број1298/1 во охридското село Велгошти, гласачите се без заштитни маски.
Во Тетово, во ОУ „Братство-Миѓени“ на ИМ 1972, гласач се обидел да гласа без лична карта што не му било дозволено. Гласачот реагирал и при излегување ги фотографирал членовите од ИО кои повикале полиција и направиле записник за настанот.
Наапроти тетовскиот настан на идентична ситуација во Битола, во ОУ „Таки Даскалот“, ИМ 0048, едно лице гласало без лична карта, поа сепак тамошниот ИО му дозволиле да гласа.












