• Latest

Над 130 милиони евра за малите и средните претпријатија

May 20, 2018
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Над 130 милиони евра за малите и средните претпријатија

May 20, 2018 08:50
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На малите и средни претпријатија до крајот на годината ќе им бидат на располагање 136 милиони евра, средства обезбедени преку Евопската инвестициска банка, ЕБОР и од ЕУ инвестициски грантови.

Ова го најавува минситерот за финансии Драган Тевдовски во интервјуто за МИА, во кое истакнува дека е важна поддршката од странските инвестициските банки за приватниот сектор во Македонија особено за малите и средните претпријатија на кои им е потребен пристап до евтини средства.

– На Годишните средби на ЕБОР, кои се одржаа неодамна, стана збор за Програмата на ЕБОР за подобрување на конкурентноста и иновативноста на локалните мали и средни претпријатија. Станува збор за кредитна линија од 30 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и шест милиони евра од ЕУ инвестициски грантови и техничка помош. Преку оваа програма домашните комерцијални банки би го зголемиле кредитирањето на локалните фирми под поповолни услови. Во јуни се очекува првите 10 милиони евра да бидат потпишани со комерцијалните банки, по што би станале достапни за фирмите, истакнува Тевдовски.

Тој додава дека на малите и средните претпријатија од вториот дел на годинава ќе бидат достапни и 100 милиони евра од евтината кредитна линија на Европската инвестициска банка.

– Постапката за склучување на договор за нова транша со ЕИБ е отпочната. Се очекува договорот да потпише во вториот дел на годинава, по што евтините кредити ќе им бидат достапни на малите и средни претпријатија преку Македонската банка за поддршка на развојот., вели министерот за финансии.

Тој посочувајќи дека Владата се залага кај круните инфраструктурни проекти дел од потребитените средства да се обезбедат преку грантови, вели дека се настојува да се искористат фондовите и средствата кои стојат на располагање.

– Настојувањето да се искористат фондовите и средствата кои ни се располагање е особено важно во контекст на доброто менаџирање на јавниот долг, бидејќи се преземаат значително помалку обврски за исплата во иднина. И поддршката во вид на заеми од развојна банка како ЕБОР е значајна, бидејќи станува збор за ниски каматни стапки и подолги периоди на исплата, вели министерот за финансии во интервјуто за МИА. (МИА)

Tags: грантовимали и средни претпријатија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ