На предвремените парламентарни избори оваа година, според Избирачкиот список право на глас имаат 1.814.263 граѓани.
И овие избори предизвик за Избирачките одбори се оние гласачи што не можат да се најдат на Избирачкиот список. Дел од негеуларносите што се јавуваат се поради дислокација на избирачките места и нивна поделба на неколку избирачки места, истечени лични карти или нови лични карти. Сите овие гласачи се праќаат во ОИК од каде обично добиваат одговор дека немаат право на глас. Во ретки случаи се препраќаат во други избирачки места.
Иако пријавите од набљудувачите на ЦИВИЛ во однос на Избирачкиот сисок се помали од вообичаено во претходните изборни циклуси, сепак се нотираатнад 15 случаи на нерегуларности со Избирачкиот список и тоа во Јегуновце, Карпош, Бутел, Аеродром, Радовиш, Маврово и Ростуша, Пробиштип и Штип.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ