Украинското Министерство за надворешни работи ја обвини Русија дека илегално депортирала повеќе од 2.000 украински деца од одредени области на регионот Доњецк и регионот Луганск (CADLR) во Русија, изјави прес-службата на министерството, јавува дописникот на Укринформ,
„Според добиените информации, на 19 март 2022 година, руските окупаторски сили илегално депортирале на територијата на Руската Федерација 2.389 деца, кои биле во окупираните области на Доњецката област и регионот Луганск. Присилното раселување на цивили на територијата на државата агресор, поточно на децата, покажува знаци на киднапирање. Ваквите дејствија се грубо кршење на меѓународното право, особено на меѓународното хуманитарно право“, истакнаа од Министерството.
Украинските дипломати ја повикаа меѓународната заедница веднаш да реагира на нелегалното раселување на децата, како и да го зголеми притисокот врз Русија да ја натера да ја прекине варварската војна против украинскиот народ.
„Фактите за киднапирање на деца, како и стотици други факти за злосторства извршени од руските окупатори врз цивилите во Украина се темелно испитани од агенциите за спроведување на законот. Сторителите на овие злосторства ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, нагласи Министерството.
Подготвил Д.М.