ЦИВИЛ МЕДИА направи ексклузивно интервју со заменик министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис, за повеќе важни теми и прашања кои се однесуваат на клучните предизвици и процеси во Украина, како и за извонредната македонско-украинска соработка.
Во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан, заменик министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис беше во работна посета на Република Северна Македонија, на 10 октомври. Тој што одржа средби со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и државниот секретар во МНР, Филип Тосевски.
Перебијнис со македонските партнери дискутираше околу начините за натамошно продлабочување на билатералниот политички дијалог, за интеракцијата на двете земји во рамки на меѓународните организации, како и за учеството на Северна Македонија во спроведувањето на низа меѓународни иницијативи на Украина – Формулата за мир на претседателот Володимир Зеленски и Меѓународната Кримска платформа.
Интервјуто ќе биде објавено утре, 12 октомври, на македонски и англиски јазик и ќе биде слободно за преземање.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети