ЦИВИЛ денес , понеделник, 18 октомри, во „Изборен рапорт“ #24 ќе го презентира својот извештај за одржаниот прв круг од Локалните избори. Извештајот од прес центарот на ЦИВИЛ ќе се емитува во живо, со почеток од 15.30 часот.
Во Извештајот, ЦИВИЛ ќе изнесе сублимат од своите наоди и анализи на изборниот процес, нотираните нарушувања и неправилностите при гласањето , како и црната пропаганда и говорот на омраза на првиот круг од локалните избори, врз база информациите добиени од терен на мониторинг тимот на ЦИВИЛ , заедно со краткорочните и долгорочните набљудувачи на организацијата.
ЦИВИЛ Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).
Презентацијата ќе се емитува во живо на:
https://www.facebook.com/civil.mk
https://www.youtube.com/c/CivilMacedonia