• Latest

Најчевска: Прашање е дали ќе имаме фер избори

May 14, 2020

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Најчевска: Прашање е дали ќе имаме фер избори

May 14, 2020 13:51
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„Уште на почетокот кога беа закажани вонредните избори бев против тоа, заради тоа што мислам дека нашата држава и нашите граѓани се веќе уморни од толку интензивни изборни циклуси. Се губи смислата на изборите односно изборите стануваат цел сами за себе а не алатка за достигнување на одредена структура која што би управувала со државата во одреден момент и граѓаните едноставно се исцрпуваат цело време со нови и нови избори. Некако партиите како да научија како да бидат дел од изборните активности меѓутоа го изгубија оној момент како да станат дел од државата“, изјави професорката Мирјана Најчевска во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

„Кај нас воопшто немаме намнисување на демократија, едноставно луѓето не знаат што е демократија, не знаат зошто служи Собранието, не разбираат дека тие претставници се нивни претставници, а не претставници на политичките партии. Не разбираат дека тие претставници во Собранието се тие кои што треба да контролираат сè и да ги спроведуваат барањата на самите граѓани односно да ги исполнуваат желбите на граѓаните во Собранието,“ вели Најчевска.

Таа смета дека направивме грешка со прогласувањето на вонредните избори.

„Меѓутоа веднаш по избивањето на пандемијата, имаше можност да го воспоставиме повторно Собранието, кое што е во оставка од пратеници чиишто мандат сеуште тече, пратеници кои сеуште имаат должности и обврски спрема бирачите, пратеници коишто би требало да бидат активни. Овој период можеше да биде искористен дури за многу добра дискусија, за избирачкиот модел, за промените на избирачкиот закон. Во услови кога не се донесуваат други решенија затоа што постои некој вид на блокада и на економијата и на општеството и на се она што се случува, да се посветат тие пратеници токму на изнаоѓањето на модел којшто би овозможил еден нов инпут во она што преставува развој на демократијата во Македонија“, вели професорката Најчевска.

На прашањето дали смета дека пратениците треба да ги вратат платите од изминатиот период, Најчевска вели дека платите се најмалиот проблем.

„Не се работи само за платите, се работи за општиот статус, за општата привилегија. Значи, сè додека го имаат мандатот, пратеничките и пратениците имаат имунитет. Што ќе се случи, еве да речеме, ако некој од пратениците направи такво кривично дело заради коешто треба да биде одредена мерката притвор? Се знае дека според Законот и според Уставот, имунитетот на пратеникот може да го симне само Собранието. Собранието е тоа коешто може да реши дали тој човек ќе биде испратен во притвор или нема да биде испратен. Платата е најмалиот проблем. Проблемот е што тие луѓе се функционери. Тие се највисоките претставници на граѓаните и како такви треба да бидат и заштитени и како кон такви треба да се однесуваме. Меѓутоа, тие не си ја вршат улогата којашто ја имаат.

Проблемот е уште поголем и заради тоа што претседателот на Собранието е еднаков меѓу еднаквите, но истовремено, тој има една многу специфична функција. Доколку нешто му се случи на Пендаровски, тој е тој којшто ја презема функцијата на претседателот на државата. Но не може да ја има таа функција доколку нема Собрание. Самиот факт дека го викаат на сите овие средби каде што се разговара за безбедносни прашања и слично значи дека се препознава како претседател на највисокото законодавно тело. Меѓутоа, ако не постои тоа тело, тогаш не постои ниту претседател на највисокото законодавно тело. Влезени сме во една таква какафонична ситуација во којашто дефинитивно се губат основните параметри на демократијата. И сега, после една таква какафонија, во којашто, народски кажано, не се знае кој пие, кој јаде, а кој го плаќа цехот, ние треба да влеземе во завршна фаза на избори“, заклучува таа.

„Избори можеме да имаме, прашање е дали тие ќе бидат фер избори, и дали на тие избори луѓето навистина ќе може да остварат своето гарантирано право. Многу луѓе нема да излезат на избори од страв, елементарен страв, од гужви од други ситуации и слично. Дел од луѓето ќе решаваат на изборите врз основа на она што претставува моментален впечаток. Дали веруваат во тоа дека некој соодветно се справувал со епидемијата или не се справувал со епидемијата. Нема да решаваат за тие кои што ќе ги избираат врз основа на она што претставуваат програмски определби за натамошно развивање на државата, за натамошно движење на државата за реформи и слично, туку ќе решаваат елементарно само за едно прашање кое што се однесува на она што во изминатите месеци кое што претставува преокупација на граѓаните“, одговори Најчевска на прашањето кој е нејзиниот став за тоа дали треба изборите да се одржат во првиот можен миг.

обработка на текст и монтажа: Ариан Мехмети

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ