Според Годишниот Извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2018 година, до Народниот правобранител стигнале речиси 4.500 претставки. Од нив 947 претставки се поднеле за работата на судовите. Граѓаните се жалеле и на работата на судската власт, на партиски вработувања преку наместени конкурси, несоодветни услови во затворите и домовите за деца без родители, како и незаконско постапување на полициските органи.
Како што објасни заменичката на народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа се констатирало дека продолжува праксата на партиски реваншизам по спорведување на изборите, особено во сферата на образовнаието. Исто така, голем е бројот и на пријави за повреда на правата од работен однос. Дури 60 % од овие пријави се однесувале за наместени партиски конкурси, несоодветно распределување на работно место поради партиска припадност, како и на непродолжување на договорите за работа.
Во извештајот се констатира дека нема подобрувања ниту на условите во затворите, посебно кога станува збор за здравствената заштита, храната и хигиенските услови.
Народниот правобранител извести дека се поденсени и три барања за казнена оговорност на службени лица што постапиле незаконски, непрофесионално и со совите постапки ги прекршиле слободите и правата на граѓаните.
Народниот правобранител извештајот веќе го доставил до Собранието и бара да се согледаат нотираните слабости и да се изнајдат алатки за ефикасни решенија.