• Latest

Најголема конференција за комуникатори на НАТО во Скопје

September 4, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најголема конференција за комуникатори на НАТО во Скопје

September 4, 2022 15:50
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија и главниот град Скопје, Министерството за одбрана и Армијата почнувајќи од утре ќе бидат домаќини на најголемата конференција за комуникатори на НАТО.

Оваа конференција, како што информира денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска на едно место ќе собере над 300 учесници од земјите членки на НАТО и партнерите кои ќе разговараат на теми поврзани со стратегиските комуникации, односите со јавност, информациските и психолошките операции.

Ќе биде отворена интелектуална, политичка и стратегиска дебата од која треба да произлезат идеи и практични решенија за отворените прашања од областа на стратегиските комуникации како алатка на лидерите како поддршка во напорите на Алијансата за одбрана и одвраќање на сите потенцијални безбедносни предизвици во НАТО земјите членки, истакна Петровска во изјава по брифингот со новинарите во Министерството за одбрана, јави МИА.

Во наредните денови учесниците ќе дискутираат за информациските активности за време на руската инвазија врз Украина, соработката со партнерите во оваа област, новиот стратешки концепт на Алијансата и дигиталните комуникации. На различни локации во Скопје ќе се дебатираат различни теми, ќе се нудат решенија и ќе се вкрстуваат ставови.

На оваа конференија, како што додаде министерката, ќе се водат важни разговори што ќе ја диктираат нашата иднина и иднината на Алијансата и на која ќе биде демонстрирана волја за зајакнување на меѓусебните дијалози на највисоко ниво, реафирмирана намерата за зајакнување на взаемната доверба за реализацијата на заедничките цели за стабилен просперитетен, безбеден евроатлантски простор.

Ние како НАТО сме обединиети не само во потрагата по вистината, туку и во систематско и континуирано справување со дезинформациите кои се обидуваат да го поткопаат системот и да внесат страв кај граѓаните. Во таа борба НАТО комуникаторите ја имаат главната улога во пренесувањето на пораката на НАТО и справувањето со лажните вести, нагласи Петровска.

Директорот на комуникации во Сојузничката команда за операции во НАТО Џеј Џанзен се надоврза дека станува збор за конференција на која ќе има претставници од 30 земји членки сојузници кои се тука да го демонстрираат единството и кохезијата на земјите членки на НАТО во Северна Македонија.

Ние во НАТО знаеме и сакаме да комуницираме преку споделување пораки. Нашите проаки се навистина важни. Една од работите на која сакаме да се фокусираме е и војната во Украина, војна во која имаме еден агресор, во кој едно од оружјата кои се користат се и дезинформациите. Во рамки на нашите комуникации забележуваме дека комуникацијата се користи како оружје не само во Украина, туку и во нашите земји членки со користење на лажни информации и дезинформации кои се споделуваат на нашата територија, додаде Џанзен.

Затоа, нагласи тој, „сметаме дека треба да го прикажеме нашето заедништво и да кажеме што нам ни е важно како НАТО“.

Во однос на нашите пораки и пораките кои НАТО ги испраќа, важно е да се каже дека ние сме тука како меѓународна организација која го почитува нашиот основачки документ – Вашингтонскиот договор во кој се вели дека ние сме една одбранбена Алијанса која го почитува меѓународното право и поредок. Затоа, ние преку нашето присуство тука едноствано покажуваме дека заедно сме посилни и дека заедно може да преминеме преку се, потенцира Џанзен.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ