• Latest

Најголемата француска инвестиција во државава во последните 15 години, ќе се гради соларен парк вреден 270 милиони евра

December 7, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Најголемата француска инвестиција во државава во последните 15 години, ќе се гради соларен парк вреден 270 милиони евра

December 7, 2021 12:44
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Соларен парк што ќе ги задоволува потребите за струја на 94.000 домаќинства ќе се гради од следната година на потегот од Штип до Свети Николе, на локацијата каде што требаше да има карго аеродром на површина од 452 хектара. Инвестицијата, која со одлука на Владата е прогласена за стратешка, е проценета на околу 270 милиони евра. Ќе ја реализира француската компанија „Акуо Енерџи“ преку Друштвото за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје. Тоа е најголемата француска инвестиција во државава во последните 15 години. За нејзина реализација се подготвува закон кој очекува да биде донесен во првиот квартал наредната година.

– Северна Македонија ќе добие соларен парк кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет на производство на електрична енергија од 360 до 400 мегавати. Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен за македонската економија. Местоположбата, согласно анализите на соларната радијација, карактеристиките на земјиштето, како и оддалеченоста од преносната мрежа, има одлични услови за изградба на фотонапонска електрена, рече денеска премиерот Зоран Заев на промоцијата на инвестицијата.

Тој најави дека првите количини електрична на енергија ќе протечат во 2023 година, а целосна реализација се очекува до крајот на 2024 година. Производството на електрична енергија е проценето на околу 650 гигават часови на годишно ниво, што претставува 16 проценти од годишното производство на струја од АД ЕСМ.

Претседателот на француската компанија „Акуо Енерџи“ Ерик Ското истакна дека Владата воведувајќи систем на стратешка инвестиција донела храбра одлука и создала услови за забрзан процес кон енергетска независност.

– Акио е среќен што се здоби со статусот на стратешка инвестиција. Тој статус е одраз на одличните француско-македонски односи. Гарантирам дека Акио ќе биде на висина на задачата во служба на вашите граѓани. Уште од денеска моите екипи ќе работат неуморно со вашата администрација и со вашите граѓани за да се изгради француско-македонскиот проект, рече Ското.

Францускиот амбасадор во државава Сирил Бомгартнер истакна дека инвестицијата има големо стратешко значење бидејќи ќе придонесе да се зајакне енергетската независност на Северна Македонија, истовремено помагајќи и на земјата да го изоди својот амбициозен европски пат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

– Освен тоа, оваа инвестиција испраќа сигнал за пријателство до Северна Македонија и сигнал за доверба во нејзината европска иднина. Се разбира, модалитетите за нејзиното спроведување треба да бидат утврдени со посебен закон. Овој сигнал не е изолиран. Големата француска агенција активно се мобилизира во земјата, рече амбасадорот Бомгартнер. По потпишувањето на Рамковниот договор оваа зима во Париз од страна на францускиот и на македонскиот министер за надворешни работи Агенцијата имала најмалку пет посети со цел да се идентификуваат корисни проекти што треба да се реализираат во земјата.

– Нашата заедничка цел сега е да ги дефинираме, а веќе од следната година и да започнеме со реализицаија на првите проекти, рече Бомгартнер, посочувајќи и дека десетина француски компании моментно работат на своето позиционирање на македонскиот пазар.

Според Заев, инвестицијата е директна придобивка од реформите во енергетскиот сектор.-Акио енерџи со изградба на соларниот парк Стипион, како и германската Випиди која вложува во новиот ветерен парк „Вирови“ ќе дадат нов стимул на нашата економија со ангажирање на домашна работна сила, млади кадри кои својата иднина ја гледаат во вакви современи компании, рече Заев.

Во моментот во фаза на градба се фотонапонски електрани преку принципот на поддршка со премиум тарифи со инсталиран капацитет од 60 мегавати, а дел од нив се пуштени и во употреба. Изградена е првата и најголема фотонапонска електрана од страна на ЕСМ со инсталиран капацитет од 10 мегавати и наредната година ќе почнат со изградба двете електрани од по 50 мегавати во Осломеј или вкупно 170 мегавати што е за 10 пати повеќе од 17-те мегавати коишто се изградени во претходните 26 години.

Во фаза на изработка, информираше Заев, се и технички студии за изградба на нови 10 мегавати фотонапонска електрана во РЕК Осломеј, како и на нови 160 мегавати фотонапонски електрани во РЕК Битола, проекти финансирани од ЕБОР и Германската развојна банка КфВ. Владата издаде и овластување за изградба на три ветерни парка со вкупен капацитет од 110 мегавати и со постојниот ветерен парк „Богданци“ бројката ќе се заокружи на 150 мегавати. На тендерот за премиуми што беше објавен оваа година, втор по ред, пријавени се инвеститори со вкупен инсталиран капацитет од 207 мегавати иако беа понудени само 80 мегавати. Ова е показателот дека работите се движат во вистинска насока.

– Енергетската инфраструктура не се гради преку ноќ. Потребна е добра подготовка и добри проекти, обезбедување на поволни кредити и избор на добри фирми со цел успешна реализација. Доколку овие заложби и вложувања се случиле многу порано наместо да се инвестира во непродуктивни проекти денешната енергетска криза немаше да биде со ваков интензитет, рече Заев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ