Најмалку 18 лица загинаа, а 19 се повредени додека шумските пожари продолжуваат да го пустошат југоисточниот регион на Јужна Кореја, објави Би-би-си, пренесува ЦивиолМедиа.
Многумина од загинатите се на возраст од 60 и 70 години, а повеќе од 23.000 луѓе се евакуирани, соопштија властите.
Пожарите го изгореа 1.300-годишниот храм Гунса во градот Усеонг, каде што беа отстранети многу културни реликвии и пренесени на побезбедно место.
Пожарите започнаа во округот Санчеонг во петокот попладне, а подоцна се проширија во округот Усеонг, соопштија властите.
Поттикнати од силните и суви ветрови, пожарите напредуваат кон соседните окрузи Андонг, Чеонгсонг, Јеонгјанг и Јеонгдеок, објави новинската агенција Јонхап.
Пожарот во Уисеонг се шири со „незамисливи“ размери и брзина, изјави за Ројтерс Ли Бјунг-ду, експерт за шумски катастрофи од Националниот институт за шумска наука.
Противпожарен хеликоптер се урна во планините на округот Уисеонг во средата попладне, според властите, кои ја истражуваат причината.
Илјадници пожарникари и околу 5.000 воен персонал се распоредени за да ги локализираат повеќекратните пожари, како и хеликоптери од американската војска стационирана во Кореја.
М. Д.