• Latest
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Најмалку 54 Палестинци се убиени во израелските напади низ Газа во текот на ноќта

May 26, 2025
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО ГАЗА

Најмалку 54 Палестинци се убиени во израелските напади низ Газа во текот на ноќта

May 26, 2025 11:55
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, СВЕТ
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку  П54алестинци се убиени во два одделни израелски воздушни напади во текот на ноќта, вклучувајќи го и нападот врз училиште во кое се сместени раселени семејства во централна Газа, според медицински лица и претставници на Цивилната одбрана, изјавија двајца директори на болници за Би-би-си.

Училиштето Фахми Ал-Џаргави во градот Газа сместувало стотици раселени лица од градот Беит Лахија, кој моментално е под интензивен израелски воен напад.

Портпаролот на Цивилната одбрана во Газа, предводена од Хамас, изјави дека се пронајдени 20 тела, вклучувајќи ги и оние на деца – многумина беа тешко изгорени, откако пожарите зафатија две училници претворени во живеалишта.

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека цел на нападот бил „команден и контролен центар на Хамас и Исламски џихад“, во областа која ја користат „терористите за планирање напади врз израелски цивили и војници на ИДФ“ и го обвини Хамас дека го користи „населението во Газа како човечки штит“.

„Пламен беше насекаде. Видов изгорени тела како лежат на земја“, рече Рами Рафик, жител што живее спроти училиштето, во телефонски разговор со Би-Би-Си. „Мојот син се онесвести кога ја виде ужасната сцена“.

Видео снимките споделени на интернет покажаа големи пожари што проголтуваат делови од училиштето, со графички слики од тешко изгорени жртви, вклучувајќи деца, и преживеани кои претрпеле критични повреди.

Локалните извештаи велат дека меѓу загинатите е Мохамед Ал-Касих, раководител на истрагите за полицијата на Хамас во северна Газа, заедно со неговата сопруга и деца.

Одделно, во напад врз куќа во Џабалија во северна Газа загинаа 19 лица, според директорот на болницата Ал-Ахли, д-р Фадел ел-Наим. Израелската војска сè уште не коментирала што било цел.

Кратко пред нападот во училиштето, друг израелски воздушен напад погоди куќа во центарот на градот Газа, при што загинаа уште четири лица, соопшти Министерството за здравство управувано од Хамас.

Двојните напади се дел од поширока израелска офанзива што ескалираше во северниот дел од енклавата во текот на изминатата недела.

Д. Мишев

Tags: воздушни нападиГазаИзраелцивилни жртви
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ