• Latest

Најризична група за корона – нашите славни, надмени, површни и сезнајни будали и нивните шефови лудаци!

March 14, 2020
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најризична група за корона – нашите славни, надмени, површни и сезнајни будали и нивните шефови лудаци!

Тие се оние што не почитуваат препораки но се експерти за корона. Дури и во вакви ситуации, освен што прават се погрешно, прават штета не само по себе и своите најблиски, туку и по околината. Некои седат по кафани и во групи, некои не почитуваат хигиена, други - препораки, трети - шират секакви лаги и глупости...Што не се изнагледавме и изнаслушавме. И тука не зборувам за партиска припадност, туку за свесност, со која е обземен голем дел од нашето општество.

March 14, 2020 22:44
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Најризична група во кризава со корона-вирусот се неинформираните, оглупавените, заслепените, арогантните, површните, лицемерните и лековерните – оној дел од јавноста што го произведе пропагандната машинерија за оглупавување на луѓето на режимот на Груевски.

Тие се оние што не почитуваат препораки но се експерти за корона. Дури и во вакви ситуации, освен што прават се погрешно, прават штета не само по себе и своите најблиски, туку и по околината. Некои седат по кафани и во групи, некои не почитуваат хигиена, други – препораки, трети – шират секакви лаги и глупости…Што не се изнагледавме и изнаслушавме. И тука не зборувам за партиска припадност, туку за свесност, со која е обземен голем дел од нашето општество.

А тие што се извори на овие идиотштини, одредени политички и бизнис структури, се обидуваат да профитираат од неодговорното однесување – кое е само последица, резултат на нивната „макотрпна работа“ за уништување на медиумите, образованието, науката, стручноста во сите области, пристојната дебата, чувството за општественост и одговорност во јавните постапки и комуницирање.

Сега, опасноста од ваквото однесување не е толку апстрактна, туку прилично конкретна. Но, не знам дали разбираат и овие луѓе и оние што постојано работат на тоа да ги држат во темница и да ги злоупотребуваат како топовско месо за политички битки, дека ваквото однесување токму нив ги прави најризична група во ваква ситуација на пандемија. Оние што се однесуваат одговорно и се информирани, се соочуваат со многу помала опасност.

Сега белким разбравме што било тоа за кое предупредуваа и врескаа малкумина, додека многумина молчеа и не се бавеа со политика. Белким, кога ќе помине кризата, нема да ви се врати желбата пак да ги величате и правите славни и моќни лудаците, и да го едначите лудилото со нормалноста. Оти после е глупаво да се жалите кај нормалните од „производите“ и „следбениците“ на лудаците.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ