Шефот на руската разузнавачка служба Сергеј Наришкин изјави денеска дека акциите на САД кон Русија овозможиле тврдења за враќање на времето од Студената војна.
-Вашингтон стана опседнат со борба против непостоечката т.н., руска закана. Тоа поприми таков обем и има толку апсурдни карактеристики, што може да се зборува за враќање на темните времиња од Студената војна, изјави Наришкин, говорејќи на конференција за безбедност во Москва.
– Дури во случајот со гротескната ситуација со Скрипал, грубо исфабрикувана од службите на Велика Британија и САД, еден дел од европските држави не брзаат да ги следат Лондон и Вашингтон, без око да им трепне, туку бараат да разберат што всушност се случило, изјави Наришкин.
Тој повика на враќање на дијалогот меѓу Москва и западните држави, за да се избегне нова криза, како таа со ракетите во Куба.
[divide]
извор: МИА